Контакт

Вести

Повеќе од 400 милиони Kинези патуваат за време на Кинеската Нова година

Објавено пред

Во пресрет на Кинеската Нова година, која ќе се одбележи во првата недела од февруари, се очекува повеќе од 400 милиони луѓе да заминат на патување, покажуваат податоците на кинеските туристички агенции.

Според нивните податоци, Kинезите сè почесто бараат семејни пакет-аранжмани надвор од Кина, некои од нив ќе патуваат во градовите во Кина, на разни семејни собири, а други заминуваат на патување надвор од земјата чисто заради прошетка, посочија од агенициите.

Според процените на агенциите, околу 7 милиони ќе патуваат во странство за време на овој празник, најдолг одмор во Кина, објави „Ројтерс“.

Кинеска Нова година е прослава на почетокот на новата година според традиционалниот кинески календар. Прославата се нарекува и Празник на пролетта или Пролетен фестивал. Секоја година е на различен датум, а паѓа на првата млада месечина од првиот Месечев месец или околу четири до осум недели пред пролетта, па оттука датумот секогаш е меѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 час

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 час

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет2 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет2 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет2 часа

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ12 часа

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион15 часа

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија16 часа

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија20 часа

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија22 часа

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија23 часа

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија23 часа

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Топ1 ден

Mладо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото...

Свет1 ден

Во Мелбурн воведен шестнеделен ноќен полициски час

Во австралиската држава Викторија, чијшто главен град е Мелбурн, е прогласена состојба на катастрофа, а властите воведоа ноќен полициски час...

Македонија1 ден

Вино од Македонија најдено во шишиња со хрватски етикети

Инспекцијата на хрватскиот Државен инспекторат во голема акција за борба против трговијата со фалсификувана храна и пијалоци, кај пет хрватски...

Македонија1 ден

Свеченостите за Илинден годинава без масовни собири

Поради пандемијата на Ковид-19, свеченостите по повод државниот празник Илинден, годинава ќе се одржат во посебни услови во согласност со...

Македонија2 дена

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

Министерот за здравство, Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за време на одморите. „Ти си на одмор, но вирусот...

Македонија2 дена

Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во...

Досие