Свет
Повеќе од 600.000 луѓе на Куба се погодени од недостиг на вода
Повеќе од 600.000 луѓе на Куба, или приближно секој 20-ти од 10 милиони жители, имаат проблеми со снабдувањето со вода, објави денеска „Ројтерс“.
Хавана е најпогодена од недостигот на вода, а властите ги обвинуваат уништената инфраструктура и постојаниот недостиг на гориво како последици од економската криза што ја доведе земјата до банкрот.
Надлежните велат дека недостигаат резервни делови за застарената водоводна инфраструктура, како што се цевки и пумпи.
Честите прекини на струја само ги влошуваат работите.
„Кога ќе ја прекинат струјата, не можеме да дадеме вода“, вели Педро Мартино, жител на општината Сан Мигел де Падрона, кој работи со црковна група, која им помага на граѓаните.
Економијата на Куба е погодена од неколку фактори, вклучително и пандемијата на коронавирусот, построгите санкции на САД, лошото управување и корупцијата, според „Ројтерс“.
Социјалната и економската криза се сметаат за едни од најлошите од револуцијата на кубанскиот лидер Фидел Кастро во 1959 година, што доведе до рекорден егзодус на кубански мигранти во последните две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Фокс њуз“: Трамп ќе назначи специјален претставник за мировните преговори во Украина
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да назначи специјален претставник за преговорите со цел изнаоѓање мирно решение за конфликтот во Украина, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на неколку неименувани извори.
„Ќе видите многу искусен специјален пратеник, некој со голем кредибилитет кој ќе има задача да најде решение, за да се постигне мирно решение во Украина. Ќе го видите наскоро“, изјавил еден од изворите.
„Фокс њуз“ наведува дека улогата на специјален пратеник не се очекува да биде платена улога и дека Курт Вокер ја извршувал функцијата за украинските преговори на волонтерска основа од 2017 до 2019 година.
Свет
Пукање кај парламентот во Сиднеј, полицијата трага по вооружен маж
Полицијата трага по вооружен маж по пукањето пред зградата на Парламентот на Нов Јужен Велс во Сиднеј.
Пукањето се случило во четвртокот околу 13 часот по локално време, јавуваат медиумите.
Службениците од Метрополитенската полициска команда во Сиднеј притрчале на местото на настанот, но мажот побегнал со возило пред да пристигнат.
Областа е оградена со полициска лента, а властите велат дека нема извештаи за повредени.
„Секој што има информации за овој инцидент се замолува да контактира со полицијата“, соопштија властите.
Свет
Уште една голема победа за Трамп, сега тој освои се
Републиканците вчера ја зацврстија својата контрола врз Претставничкиот дом, откако задржаа неколку критични места во Аризона и Калифорнија и ги победија демократите во клучните области.
Републиканската партија сега има контрола врз Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом, овозможувајќи им да ја спроведуваат агендата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Тие освоија тенко мнозинство, но дури и тоа претставува извонреден триумф и пресврт за републиканците, кои пред само една година беа загрижени дека гласачите ќе ги казнат за хаосот и дисфункционалноста што го зафати Претставничкиот дом под нивно водство, пишува Њујорк Тајмс.
Republicans won a House majority, giving the party full control of Congress when President-elect Donald Trump takes office. https://t.co/0aiy7SJ45R pic.twitter.com/NU1zyk6Wl6
— The New York Times (@nytimes) November 14, 2024
Републиканските лидери најавија дека имаат намера да ја искористат својата позиција за брзо усвојување на закони, вклучително и широк пакет даночни намалувања, олеснување на регулативите за производство на нафта и гас и построги мерки за безбедност на границите.
„Републиканците во Домот и Сенатот имаат мандат“, рече спикерот Мајк Џонсон на прес-конференција пред Капитол во вторникот. „Тоа беше решавачка победа на целата нација“.
„Ќе го подигнеме знакот America First над ова место“, рече тој подоцна.