Свет
Пожар избувна во интернат во Либерија, загинаа 23 деца
Најмалку 23 деца загинаа во пожар што избувна рано утрото во интернат во предградието Монрови, во главниот град на Либерија.
Според информациите, во моментот на пожарот децата спиеле. Полицијата трага по телата. Не е позната причината за пожарот.
My prayers go out to the families of the children that died last night in Paynesville City; as a result of a deadly fire that engulfed their school building. This is a tough time for the families of the victims and all of Liberia. Deepest condolences go out to the bereaved
— George Weah (@GeorgeWeahOff) September 18, 2019
Сочувство за трагично загинатите изрази претседателот Џорџ Веа, познатиот фудбалер од 90-тите години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германскиот канцелар: Америка и Коалицијата на волните имаат иста стратешка цел
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека новиот договор е „заеднички успех“ за Европа, Украина и САД.
„Новата година започнува точно како што заврши старата – со интензивна мировна дипломатија за Украина“, рече Мерц. Тој додаде дека Европејците, Украина и САД „во триаголник“ продолжуваат да градат врз напредокот постигнат минатата година во Берлин. „Ова е заеднички успех“, рече тој.
Мерц рече дека САД и коалицијата имаат „иста стратешка цел“ и дека денешниот фокус е на придонесот што Европа и партнерите можат да го дадат за Украина по прекинот на огнот. „Како коалиција на волните, ние ќе ги преземеме нашите одговорности“, рече тој.
Тој додаде дека Германија не ја исклучува можноста за присуство во една од земјите-членки на НАТО што се соседи на Украина една година по евентуалното прекинување на огнот. „Засега ништо не е исклучено“, рече Мерц.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.

