Свет
Познат американски универзитет отпушти 2.000 луѓе, Трамп го скрати финансирањето
Универзитетот Џон Хопкинс денеска објави дека ќе отпушти повеќе од 2.000 вработени во САД и во странство, откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја намали поддршката од 800 милиони долари за реномираната институција.
Ова е најголемото отпуштање во историјата на овој прв американски истражувачки универзитет и влијае на 247 вработени во САД и уште 1.975 луѓе во 44 земји низ светот.
„Го направивме возможно прочистувањето на водата, бевме пионери на полето на генетскиот инженеринг и ја потврдивме автентичноста на свитоците од Мртвото Море. Ги измисливме сахаринот, CPR и суперсоничниот млазен мотор. Нашите напори резултираа со закони за безбедност на детските седишта, изум на Драмамин, Мербромин.
Џон Хопкинс, меѓу другото, ја создаде најнапредната протетичка рака контролирана од мислата, испрати вселенско летало во орбитата на Меркур и за прв пат успешно слета на астероид, го разви првиот ефикасен лек за српеста анемија и човечкиот имунитет на убоди од пчели, се наведува на неговата веб-страница.
Кратењата ќе влијаат на одделот за јавно здравје на Блумберг, неговото медицинско училиште и поврзаната меѓународна здравствена асоцијација Jhpiego.
„Ова е тежок ден за целата наша заедница. Прекинувањето на финансирањето на УСАИД во вредност од повеќе од 800 милиони евра сега не принудува да ја намалиме основната работа овде во Балтимор и ширум светот“, се вели во соопштението на Универзитетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

