Свет
Полицијата трага по телото на Кашоги во шума покрај Истанбул
По претресот на саудискиот конзулат во Истанбул и резиденцијата на конзулот, турската полиција го бара телото на новинарот Кашоги во шума покрај Истанбул. Претставници сметаат дека една од локации на која е можно да е фрлено неговото тело е токму Белградската Шума покрај Истанбул, пренесе АП. Другата локација е рурално подрачје околу градот Јалов, кој се наоѓа на 90 километри оддалеченост од Истанбул.
„Истрагата довела до одредени сомнежи дека неговите остатоци се околу градот Јалов или во Белградската Шума“, рекол неименуван претставник за „Ројтерс“.
Анонимен извор од американската администрација изјавил за „Ројтерс“ дека американските разузнавачки служби се сè повеќе убедени дека саудискиот принц Мохамед бин Салман стои зад исчезнувањето на Кашоги.
Турската полиција вчера идентификуваше петмина осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, а четворица лица наводно се поврзани со принцот Мухамед бин Салман, објави „Дејли сабах“ повикувајќи се на извештaи од американските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

