Европа
Полска до 17 јануари во национален карантин поради коронавирусот

Од денес до 17 јануари поради пандемијата во Полска е воведен т.н. национален карантин со задолжителни строги санитарни мерки, отворени се само продавници со основни потреби и намирници, додека хотелите се затворени дури и за можни службени патувања.
Од 28 декември до 17 јануари секој што влегува во Полска со авион, автобус или воз мора да биде во карантин 10 дена.
Деца на возраст под 16 години можат да излегуваат надвор само во придружба на возрасни, а во куќи и станови можат да се соберат најмногу пет лица.
Во декретот за воведување на национален карантин, владата исто така предвиде забрана за дочек на новогодишната ноќ на отворено и воведе полициски час од 19 до 6 часот наутро на 31 јануари, но полскиот правобранител Адам Боднар и правните експерти предупредуваат дека полицискиот час во Полска одреден со декрет не е уставен, а со тоа и незаконски.
Според полскиот устав, поради епидемијата, владата може да утврди колку луѓе можат да соберат или како можат да излезат во јавност, но без вонредна состојба не може да им забрани да ги напуштаат своите домови со декрет, туку само со закон усвоен од парламентот.
Сепак, премиерот апелираше Полјаците да не излегуваат на улиците на новогодишната ноќ и да не пукаат со огномет и петарди, за да може новогодишната ноќ да помине мирно.
Нова достава од 300 000 дози вакцини пристигна во Полска, која вчера зпочна со вакцинација, а премиерот Моравјецки повторно апелираше Полјаците масовно да се вакцинираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европската комисија воведува дополнителни правила за патниците од трети земји

Во ситуација на ширење на новите мутации на коронавирусот и голем број новозаразени, Европската комисија повика на избегнување на сите патувања што не се потребни.
Денес во Брисел беа побарани дополнителни мерки на границите, и внатре во ЕУ и на надворешните граници, со цел да се запре ширењето на вирусот.
„Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ, вклучително и за оние кои се на т.н. важно патување. Тестот за ПЦР за влез во ЕУ мора да биде стар најмногу 72 часа“, изјави комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.
Таа наведува дека дополнителните правила, вклучувајќи и карантин и следење на контактите до 14 дена, мора да се применат на патниците кои доаѓаат од трети земји, каде што е забележана циркулацијата на новите видови на вирусот.
За граѓаните на ЕУ и оние со дозволи за престој, тестирањето ќе се обезбеди по пристигнувањето, а образецот за локацијата на патникот треба да стане универзален и задолжителен.
Комисијата наведува дека ќе има исклучоци што ќе важат за граѓаните кои ги преминуваат границите во рамките на земјите членки со цел да одат на работа, на училиште или да се грижат за членовите на семејството.
Европската комисија заклучува дека целта на овие мерки е да се заштитат граѓаните и единствениот пазар на ЕУ
Европа
Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Научници од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска слика од британската варијанта на коронавирусот, пренесува „Спутник“.
„Државниот истражувачки центар ‘Вектор’ стана првиот во светот што го фотографираше новиот британски вид на коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографија на вирусот под микроскоп е направена за време на истражувањата за нови видови коронавирус, вклучувајќи ги и нивните структурни карактеристики“, се вели во соопштението.
Руските научници исто така тврдат дека развиле и ПЦР-тестови кои можат да ја откријат новата варијанта.
„Мутациите што се карактеристични за британскиот вид на коронавирус, не влијаат на ефикасноста на вакцината EpiVacCorona, кој содржи пептидни антигени кои не се засегнати од промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението.
Европа
Шпанија: Пензионерка се вратила дома девет дена по сопствениот погреб

Шпанка чие семејство верувало дека починала од коронавирус ги изненадила роднините кога се вратила дома девет дена откако им било кажано дека е погребана.
По забуната околу името, семејството на 85-годишната Рохелија Бланко било известено дека пензионерката починала од Ковид-19 на 13 јануари, а погребот ѝ бил следниот ден, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на весникот „Ла Воз де Галисија “.
Поради протоколот, семејството не можело да присуствува на погребот за време на епидемијата на коронавирус.
Кога во саботата пристигнала здрава во старечки дом во Хов, на северот од Шпанија, каде што живеел и нејзиниот сопруг Рамон, тој бил надвор од себе, наведува весникот, додавајќи дека починала жена што ја делела собата со Бланка.
Весникот ја цитираше Фондацијата „Сан Росендо“, која управува со старечкиот дом, дека настанала грешка кога Бланко и другите жители кои биле позитивни на Ковид-19 биле префрлени во друг дом за стари лица на 29 декември заради специјализирано лекување.
„Меѓу раселените стари лица беа две жени на кои им беше доделена иста просторија“, соопшти фондацијата, наведува „Ла Воз де Галисија“.
Фондацијата изрази жалење за немилиот инцидент, пишува весникот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот