Контакт

Европа

Полска повторно ќе воведе карантин за повратници од некои земји

Објавено пред

Полска би можела повторно да воведе мерки за карантин за луѓето од одредени држави што се враќаат во земјата.

Ваквата намера следува кога било забележано зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објасни владиниот портпарол, Пјотр Милер.

„Размислуваме за воведување карантин за одредени земји од ЕУ и надвор од ЕУ“, изјави Милер за приватната телевизија „Полсат њуз“, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Тој истакна дека Шпанија и Франција се земји кои предизвикуваат загриженост поради вирусот и најави дека владата може да ја објави таа одлука во наредните неколку дена.

Полска исто така се соочува со зголемување на бројот на заразени.

Во саботата беа регистрирани 584 случаи на коронавирус, што е втор најголем број на заразени на дневна основа од почетокот на епидемијата.

Во средата беа пријавени уште 512 случаи на коронавирус, со што вкупниот број инфицирани порасна на 44.416, а засега во земјата има регистрирано 1.694 смртни случаи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Објавено пред

Холандската полиција употреби водени топови против скоро 2.000 демонстранти во Амстердам кои протестираа против владините рестриктивни мерки. Мерките се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Рајкс музејот и музејот Ван Гог, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува Ројтерс. Безбедносните сили уапсија околу 100 демонстранти.

Ниту еден од демонстрантите не носеше маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитуваше правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија го продолжи карантинот

Објавено пред

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на карантинот до 7 февруари, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.

Затворањето, кое требаше да трае до 24 јануари, ќе биде продолжено до 7 февруари, што, како што објави агенцијата АПА, е резултат на разговорите меѓу владата во Виена и провинциите.

Следува постепено отворање од 8 февруари, додека угостителите, хотелите и организаторите на разни настани ќе мора да почекаат до крајот на февруари за вакви мерки.

Од 8 февруари, ако епидемиолошката состојба дозволи, сите продавници, услужни дејности и музеи повторно ќе се отворат, но под строги услови, како што е обврската за носење заштитни маски FFP2 и одржување на растојанието од метар до два. Наставата во училиштата ќе почне на 8 февруари, а учениците до тогаш ќе продолжат со учење на далечина.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција го врати полицискиот час

Објавено пред

Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција.

Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа, слично како и во последните денови.

Полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.

Министерството за здравство објави нови податоци за бројот на вакцинирани, 413.046, во саботата, за разлика од 389.000 во петокот, пренесе „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување на кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од...

Свет24 минути

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозиинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано против...

Свет32 минути

САД: Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет11 час

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ11 час

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет12 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет13 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион14 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија17 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија18 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија20 часа

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет21 час

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт23 часа

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Регион23 часа

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија23 часа

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија1 ден

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт1 ден

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија2 дена

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија2 дена

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија2 дена

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Досие