Европа
Полскиот министер за правда дециден: Не треба да платиме ниту една казна од ЕУ

Полскиот министер за правда, Збигњев Зиобро, денеска изјави дека неговата земја не треба да плати ниту една од изречените дневни казни од 1,5 милион евра од страна на највисокиот суд на ЕУ oткако Варшава ги игнорира мерките за промени во судството и работата на рудниците за лигнит.
Зиобро ги нарече незаконски забраните од Европскиот суд на правдата, пренесе АП.
Полска инсистира на тоа дека Европскиот суд нема јурисдикција над нејзиното судство.
Европскиот суд на правдата вчера преку соопштение потврди дека ѝ наредил на Полска да ѝ плаќа по милион евра дневно на Европската комисија поради констатираното прекршување на принципите на владеење на правото, а таквата казна да се применува сѐ додека не се исполнат одлуките на Судот.
Минатиот месец судот ја казни Полска со 500.000 евра дневно поради непочитување на забраната за затворање на рудникот за лигнит „Туров“.
„Полската држава не може да потклекнува пред беззаконие“, рече Зиобро на прес-конференција.
„Без разлика дали се работи за незаконските казни поврзани со Туров… или казните за реформи во судството, Полска не може и не треба да плати ниту еден злот“, рече Зиобро, кој е иницијатор на промените во полскиот судски систем.
ЕУ предупреди дека може да ја суспендира исплатата на средства за закрепнување од пандемијата во Полска доколку Дисциплинскиот совет на полскиот Врховен суд – телото овластено од владејачката партија да дисциплинира судии, не биде укинат, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат компромис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Одвратен чин“ – ЕУ го осуди уривањето на браната и ја обвини Русија

Европската Унија денеска го осуди уништувањето на големата брана на југот на Украина, со оценка дека тоа е нов пример за „варварска агресија“ од страна на Русија.
„Ова е нов знак на ескалација, страшен чин кој ја потврдува варварската природа на невидената руска агресија врз Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано на прес-конференција во Брисел.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за германскиот државен медиумски сервис WDR рече дека уривањето е одвратен чин, додавајќи дека истиот е во согласност и со ескалацијата на руското насилство во Украина и со стратегијата на Путин за напад врз цивилни цели.
Претседателот на Литванија и министрите за надворешни работи на Летонија и Естонија се согласуваат дека уништувањето на браната Каховка во јужна Украина е воено злосторство за кое Русија мора да одговара.
Сепак, тие не понудија докази дека Русија стои зад уништувањето, наведува Ројтерс.
Русија ја обвини Украина.
Европа
(Видео) Во контејнер пронајдена женска глава: син ја искасапил мајка си во Одеса по расправија

Украинската полиција уапси 38-годишен маж под сомнение дека на 30 мај ја убил мајка си, а потоа нејзиното тело го исекол на парчиња и ги фрлил во контејнери низ Одеса.
Грозоморниот случај бил откриен кога граѓанин пријавил дека пронашол женска глава во контејнер додека исфрлал ѓубре.
Полицијата набргу пристигнала на местото на настанот, а потоа почнале да пристигнуваат извештаи дека се пронајдени и други делови од телото.
Набргу било утврдено дека жртвата е 60-годишна Украинка, жителка на Одеса, според медиумите во регионот.
Според сомнежите, нејзиниот син, по расправија, ја удрил неколкупати со секира, а кога таа беспомошно паднала на подот, ја задавил. После тоа, телото го одвлекол во бањата, каде што го исекол телото на парчиња и ги спакувал во вреќи.
Потоа отишол дома и се вратил следниот ден за да ги отстрани деловите од телото.
Полицијата за неполни 24 часа успеала да го идентификува и уапси.
Доколку се докаже дека е виновен, му се заканува затворска казна до 15 години.
Европа
(Видео) Нереални сцени од Турција: големи поплави, уништени згради, надојдената вода го исфрла мебелот од становите

Во последните неколку дена Турција страда од страшни поплави што го зафатија главниот град по обилните дождови, пренесуваат медиумите во регионот.
Портокаловата метеоролошка тревога е во сила во дури 27 провинции, а обилните дождови целосно го парализираа животот во Анкара.
Во изминатите неколку денови спасувачките екипи постојано се на терен и испумпуваат вода од зградите, а многу патишта често се непроодни поради пороите што носеа сѐ пред себе.
Колку е драматична ситуацијата во Турција најдобро сведочи видеото од Анкара, каде што може да се види како водата навлегла во станбена зграда, а потоа водниот бран ја крши балконската врата од станот и водата почнува да го исфрла мебелот.