Европа
Полскиот премиер го повика Западот да го уништи „рускиот свет“

– Рускиот свет е рак кој го јаде не само поголемиот дел од руското општество туку ѝ се заканува на цела Европа. Така, не е доволно да се поддржи Украина во нејзината војна против Русија. Треба целосно да ја уништиме таа страшна идеологија, изјави Моравјецки во интервју за британски „Телеграф“.
Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари. Претседателот Владимир Путин нејзината цел ја нарече „заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.
За тоа, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за крвавите злосторства над цивилите.
Според Министерството за одбрана на Русија, вооружените сили ја напаѓаат само воената инфраструктура и украинските војници, а од 25 март ги завршија главните задачи од првата фаза – значително го намалија борбениот потенцијал на Украина.
Главната цел на рускиот воен оддел е ослободување на Донбас, пренесе Новости.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Москва ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил, денеска се ставени на списокот на „странски агенти“ во Русија, соопшти руското Министерство за правда.
Терминот „странски агент“, налик на етикетата „непријател на народот“ од советската ера, нашироко се користи во Русија против опозиционерите, новинарите и активистите за човекови права обвинети дека спроведуваат политички активности финансирани во странство.
Со назначувањето за странски агент, едно лице или ентитет подлежи на голем број ограничувања и процедури под закана од строги казни. Меѓудругото, тие треба да го наведат статусот на сите свои објави.
Во ажурираниот список објавен на веб-страницата на министерството се наведува дека Михаил Ходорковски (58) и Гари Каспаров (59) имаат извори во Украина за да ги финансираат своите активности.
Каспаров долго време му се противи на Владимир Путин и речиси десет години живее во егзил во САД. Ходорковски беше еден од најмоќните руски бизнисмени во текот на 90-тите пред да му се спротивстави на Кремљ кога Путин дојде на власт во 2000 година. Тој мина десет години во затвор, меѓу 2003 и 2013 година и оттогаш живее во егзил. Со години ја финансираше опозициската организација Отворена Русија, која се самораспушти во мај 2021 година поради растечките репресии во земјата.
Европа
Северна Кореја петти ден по ред има над 200.000 новозаразени со Ковид-19

Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200.000 новозаразени кои страдаат од треска предизвикана од Ковид-19, со што бројот на вакви случаи надмина повеќе од два милиона, јави денеска јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, цитирајќи ја севернокорејската државна телевизија.
Актуелниот бран на инфекции со Ковид-19 во Северна Кореја, прогласен минатата недела, предизвика загриженост поради недостатокот на вакцини, несоодветната медицинска инфраструктура и потенцијалната криза со храна во оваа 25-милионска земја, која одбива странска помош, држејќи ги границите затворени.
Вчеравечер имало 219.030 нови лица со знаци на треска, со што вкупниот број на такви случаи достигна 2.460.640, соопшти Корејската централна телевизија (КЦТВ), цитирајќи податоци од државната администрација за борба против епидемии. Бројот на смртни случаи достигна 66.
Со оглед на фактот дека во Северна Кореја нема национална кампања за вакцинација, додека капацитетот за тестирање е ограничен, експертите проценуваат дека бројките објавени од државните медиуми веројатно се помали од реалната ситуација, односно дека е тешко да се процени обемот на овој пандемиски бран.
Европа
(Видео) Торнадо во Германија, над 50 лица се повредени

Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега познатите информации, загинале најмалку 3 лица.
Најмногу повредени има во градот Падерборн, кој се наоѓа меѓу Франкфурт и Хамбург. Поради последиците од невремето во тој регион бил прекинат железничкиот и патниот сообраќај.
Во Липштад торнадото предизвикало голема материјална штета корнејќи дрвја, а ветрот го разнел покривот од локалната црква, пренесува „Билд“.
„Во невремето се повредени околу 50 лица, од кои најмалку 10 се тешко повредени“, се вели во соопштението на градската полиција.
„Покривите на некои објекти се откорнати и разнесени на километри подалеку или оштетени. Врз уништените автомобили и натаму лежат многу откорнати дрвја“, соопшти полицијата.
Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови.