Контакт

Свет

Помпео: Можно е САД да размислат за санкции против Белорусија

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД ќе ја разгледаат можноста за воведување санкции против Белорусија како резултат на тековните настани во републиката, пренесува ТАСС.

„Сигурен сум дека ќе ја разгледаме секоја од овие работи, а најважно е да се напоменат критериумите. Што е тоа што веруваме дека можеме да направиме, не само САД еднострано, туку на мултилатерален начин, да се испорачаат добри резултати за белорускиот народ, без разлика дали ќе стане збор за санкции или за одлуки за испорака на производи? Овие работи допрва треба да се утврдат“, рече Помпео како одговор на прашањето за можните измени во односите меѓу САД и Белорусија во врска со испораките на американска нафта во Белорусија и испраќањето на амбасадорот на САД во Минск.

„Ние сме неверојатно вознемирени од изборите и длабоко разочарани што не беа послободни и поправедни. Го видовме ова однесување и порано. Насилството и последиците од него, мирните демонстранти се третираат на начини што не се во согласност со начинот на кој треба да бидат третирани. Не сме решиле каков е соодветниот одговор, но ќе работиме со нашите европски пријатели, кои се еднакво загрижени за тоа што се случи. Сакаме добри резултати за белорускиот народ и ќе преземеме активности во согласност со тоа“, посочи тој.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август. Според првичните резултати обезбедени од белорускиот Централен изборен комитет, актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, доби 80,08 отсто од гласовите.

Светлана Тихановскаја, која важеше за негов главен противник, се најде на второ место со 10,09 отсто. Таа изјави дека не ги признава овие резултати сметајќи дека е избрана за шеф на државата и поднесе жалба до Централниот изборен комитет.

Кога беа објавени резултатите од анкетите вечерта на 9 август, во центарот на Минск и другите региони во земјата избувнаа протести, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Протестите продолжија на 10 и 11 август. Како резултат на тоа беа приведени неколку илјади луѓе, а повредени се десетици полицајци и демонстранти.

Свет

Поранешна манекенка тврди: Трамп сексуално ме злоупотреби, не можев да избегам од неговата цврста прегратка

Објавено пред

Ејми Дорис, поранешна манекенка, го обвини првиот човек на САД, Доналд Трамп, дека сексуално ја нападнал за време на турнирот на Ју-ес опен пред повеќе од две децении.

Во ексклузивното интервју за „Гардијан“, Дорис изјави дека Трамп ја нападнал пред тоалетот во неговата ВИП-ложа на 5 септември 1997 година.

Ејми, која во тоа време имала 24 години, го обвинува Трамп дека насилно ја бакнувал, ставајќи и го јазикот во уста, ја стискал во прегратка од која не можела да избега.

Таа реши да зборува за тоа по 23 години, со образложение дека се чувствувала загрозена.

Трамп, пак, преку своите адвокати остро ги негира нејзините обвинувања и тврди дека тој никогаш не ја вознемирувал, ниту пак се однесувал непримерно кон Дорис.

Дорис, која живее на Флорида, му доставила на „Гардијан“ докази што можат да ја поддржат нејзината приказна. Таа покажала билет од „Ју-ес опен“ и шест фотографии на кои се гледа како стои покрај Трамп, кој тогаш бил оженет со неговата втора сопруга Марла Мејплс.

Нејзините тврдења ги потврдиле уште неколку лица на кои им се доверила за инцидентот. Меѓу нив се и пријателот на Ејми од Њујорк и нејзината мајка, кои таа ги повикала веднаш по наводниот напад. Во следните години таа му се доверила на својот психолог и на некои други пријатели. На сите им ја раскажала истата приказна што му ја раскажала на репортерот на „Гардијан“.

Дорис, која сега има 48 години и е мајка на близначки, рече дека сакала да зборува за тоа во 2016 година, кога уште неколку жени тврделе дека тогашниот републикански кандидат за претседател ги нападнал сексуално. Сепак, таа решила да молчи за сè, плашејќи се дека тоа може да го загрози нејзиното семејство.

Прикажи повеќе...

Свет

Полска ги обвини руските контролори на летање за намерно уривање на авионот на Качински

Објавено пред

Во бизарен пресврт во настаните, полските обвинители сега бараат апсење на тројца руски контролори на летање од аеродромот во Смоленск, кои ги обвинуваат за намерно предизвикување на несреќата во која загина поранешниот претседател Лех Качински во 2010 година, пренесува РТ.

Истражителите поднеле барање до Окружниот суд во регионот Варшава-Мокотов со предлог за привремено апсење на тројцата контролори, вели Ева Бијалик, портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител.

„Обвиненијата покренати против контролорите на летање се однесуваат на намерно предизвикување на авионската несреќа што резултираше со смрт на многу луѓе“, додаде таа.

Качински и неговата сопруга беа меѓу 96-те лица во авионот на полското воено воздухопловство Ту-154М што се урна пред Смоленск, во Западна Русија, на 10 април 2010 година, при обид да слета во густа магла. Патувањето беше дел од обидот на тогашниот руски претседател Дмитриј Медведев за средување на одосите со Варшава.

Првичните истраги и од полски и од руски официјални лица не утврдија технички проблем со леталото и посочија дека станува збор за пилотска грешка. Во тоа време, полските власти открија сериозни проблеми со организацијата и стандардите на вклучената единица на воздухопловните сили, која потоа беше распуштена.

Сепак, братот-близнак на претседателот, Јарослав Качински, уште од тогаш тврди дека несреќата е предизвикана од некаква руска перфидност. Полските и меѓународните истраги не пронајдоа докази што ги поддржуваат неговите тврдења.

Како и да е, неговите тврдења се чини привлекоа во полското јавно мислење бидејќи истражувањето објавено на почетокот на годинава покажа дека 44 отсто од Полјаците сметаат оти авионската несреќа е најголемото „актуелно прашање“ меѓу Варшава и Москва.

Иакоо моментот нема политичка функција, Јарослав Качински е претседател на владејачката ултра-националистичка партија „Закон и правда“ (ПиС), која е на власт од 2015 година. Тековните обвиненија против руските контролори на летање се засноваат на тврдење на полски истражители од 2018 година дека во остатоците се пронајдени траги од експлозив. Сепак, такви докази не се пронајдени за време на оригиналната истрага ниту во примероците на почвата собрани во тоа време.

Несреќата во Смоленск беше голем удар врз обидите за поправање на полско-руските односи. Качински требаше да присуствува на комеморацијата на советското убиство на полските војници во Катинската шумата за време на Втората светска војна.

Во владеењето на ПиС, Полска повеќепати се судри со Русија на дипломатско ниво и ги повика членките на НАТО трајно да стационираат војници на нејзина територија. Сепак, Варшава водеше и бројни политички битки со ЕУ, која се спротивстави на политиките на ПиС што беа во судир со вредностите официјално прифатени од Брисел.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија се извини за поранешната дискриминација на хомосексуалците во војската

Објавено пред

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер се извини за дискриминацијата на хомосексуалците кои служеле војска до промената на политиката во 2000 година.

Во студијата нарачана од Министерството за одбрана документирана е „систематската дискриминација“ во германската армија од 1955 година до почетокот на новиот милениум, и тоа во војската на поранешна Западна Германија и во војската на повторно обединетата Германија од 1990 година.

„Длабоко жалам за практиката на дискриминација на хомосексуалците во Бундесверот, што беше политика на тоа време“, изјави министерката за одбрана.

„Им се извинувам на оние кои страдаа поради тоа“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Влада: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија38 минути

Целиот тим на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија1 час

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија3 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион3 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет3 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет3 часа

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет4 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет5 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет16 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет17 часа

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Свет18 часа

(Видео) Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми. Офицерот го преживеал...

Македонија20 часа

Нови 163 заболени и седум починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Заев на средба со грчката претседателка: Подготвени сме за интензивирање на соработката во согласност со договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, денеска оствари средба со претседателката на Република Грција, Катерина...

Македонија23 часа

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во...

Македонија1 ден

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид-19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и...

Македонија1 ден

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн-учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив...

Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Му се закануваат на моето семејство

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и за неговото семејство по пишувањето на фејсбук-статусите за...

Регион1 ден

По две недели од почетокот на наставата во Србија, 52 ученици заболеле од Ковид-19

Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србијам вкупно 52 ученици и 20...

Европа1 ден

(Видео) Голем пожар во италијанско пристаниште, изгореа неколку складишта

Голем пожар избувна синоќа во близина на пристаништето Анкона, италијански град на јадранскиот брег. Огромен чад и оган можеле да...

Досие