Свет
Поради грешка на екипажот, руски авион со патници слета во река
Авион „антонов-24“ од советската ера со 30 патници слета во замрзната река во близина на аеродромот на истокот на Русија поради грешка на пилотот.
Ова го соопштија транспортните обвинители, пренесува „Ројтерс“.
Авионот „ан-24“ на „Полар ерлајнс“ слета на реката Колима во близина на Жирјанка во регионот Јакутија, соопштија обвинителите.
„Според прелиминарните информации, причината за инцидентот со авионот е грешка на екипажот при контролата на авионот“, се вели во соопштението на портпаролот на транспортниот обвинител на источен Сибир.
Обвинителите објавија фотографии од авионот на замрзнатата река. Весникот „Известија“ објави фотографии од патниците како слегуваат.
„Авионот ‘ан-24’ слета надвор од пистата на аеродромот „Жирјанка“. Нема жртви“, се вели во краткото соопштение на „Полар ерлајнс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

