Свет
Поради заболувања на кожата, сите мислат дека двегодишно дете е пластична кукла
Поради заболувања на кожата, сите мислат дека двегодишно дете е пластична кукла. Харлекинска ихтиоза е ретка генетска болест со која кожата е завиткана со дебели кожни плочки, меѓу кои има длабоки пукнатини. Мајкл Винтер е роден со оваа болест.
На мајката на ова двегодишно дете ` било кажано дека Мајкл Винтер од Дерби, Велика Британија, може да умре само неколку недели по раѓањето, затоа што бил подложен на инфекција заради неговата состојба, пренесува „Дејли меил“.
Му бил дијагностицирана харлекин ихтиоза, ретка генетска болест на кожата. Но, храбриот „лав“ успеал да се справи со помош на грижата на неговата мајка Ен. Таа вели дека е тешко да го шета бебето, бидејќи неговата кожа често пука и дека особено мора да внимава на сонцето затоа што тој не смее да изгори. Таа вели дека често ѝ се случува надвор случајни минувачи да ја прашуваат дали станува збор за пластична кукла.
„Луѓето ми приоѓаат и ме прашуваат што се случило со него и дали можат да ни помогнат. Бев во продавницата и некој ми пријде упорно гледајќи во Мајкл и ме праша дали е кукла. Тоа ме вознемирува бидејќи мојот син е прекрасен. Тој едноставно има само ретка болест“, вели мајката.
Таа дознала за состојбата на детето веднаш по породувањето. Тие не ѝ покажале веднаш на неговата мајка, која морала да чека со часови за да бидат направени бројни текстови на новороденчето со ретка болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

