Европа
Поради коронавирусот, забранети ладалата на фестивалот во Салцбур
Обожавателите на класична музика мора да се откажат од ладалата и да ја издржат топлината на фестивалот во Салцбург, кој подготви детален план за заштита од коронавирусот наместо да ги откажe настапите поради епидемијата на Ковид-19.
Годинашниот оперски, театарски и концертен спектакл во родниот град на Моцарт се смета за тест за другите големи културни настани во Европа.
Барањето да се воздржат од мавтање со ладалата на германски и на англиски јазик е додадено на снимките што публиката ги слуша на почетокот на секоја изведба во Салцбург.
Мавтањето со ладалата може да шири заразни аеросоли наместо да бидат вовлечени од системот за климатизација“, рече извршниот директор на фестивалот, Лукас Крепаз, за dpa.
Ова е една од последните во низата мерки на претпазливост насочени кон обезбедување непречено одвивање на фестивалот.
Публиката има на располагање само две третини од достапните места за да се обезбеди физичка дистанца и нема паузи, со што се оневозможува дружењето на гостите.
Посетителите мора да носат маски кога влегуваат и излегуваат, а исто така треба да ги имаат на лицето во текот на целата претстава или концерт.
Сите уметници редовно се тестираат на коронавирусот и мора да водат дневник за своето здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.