Контакт

Вести

Поранешен британски затвореник од Гвантанамо загина во самоубиствен напад

Објавено пред

Мажот кој загина во самоубиствен напад врз ирачките сили во близина на градот Мосул е поранешен затвореник од американскиот злогласен затвор Гвантанамо во истоимената американска воена база на Куба, и е британски државјанин кој се преобратил на исламот, објави BBC во вторникот.

dobivaj vesti na viber

 

Во извештајот се наведува дека 51-годишниот маж е идентификуван од фотографијата којашто ја објави ултраекстремната сунитска организација Исламска држава која ја презема одговорноста за нападот со автомобил бомба врз база на ирачката армија.

Напаѓачот Роналд Фидлер, која со преминувањето во исламот го земал името Џамал ал-Харит, подоцна се нарекувал Абу Закрија ал-Британи, според идентитетот кој го даде Исламската држава во своето соопштение.

Во некои претходни медиумски извештаи се наведуваше дека Фиделр, кој живеел во Манчестер, го користел и името Џамал Удин.

Во извештајот на BBC се наведува дека имал увид во исправи кој Фидлер ги потпишал во април 2014 година, кога влегол во Сирија од Турција..Претходно го привеле американските сили во Авганистан и го ослободиле од Гвантанамо Беј околу две години подоцна, се додава./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Украинци: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа2 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото каде што пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа2 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...

Европа3 часа

(Видео) 12 дронови соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект

Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови,...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија во дом за стари лица кај Филаделфија: најмалку двајца мртви, се стравува дека има повеќе

Две експлозии и пожар, очигледно предизвикан од истекување на гас, го зафатија домот за стари лица во близина на Филаделфија,...

Македонија18 часа

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија20 часа

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...

Македонија22 часа

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија1 ден

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија1 ден

(Фото) Николоски: Интензивно работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...

Свет1 ден

(Видео) Американската војска изврши нов напад врз брод во Тихиот Океан, едно лице загина

Американската војска изврши уште еден напад врз таканаречен „нископрофилен брод“ осомничен за шверц на дрога во источниот Тихи Океан, при...

Свет1 ден

Судот нареди враќање на депортираните Венецуелци од Ел Салвадор во САД

Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа...

Македонија1 ден

Намалена видливост на неколку патни правци

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до...

Свет1 ден

(Видео) Масовен прекин на струјата во Сан Франциско: роботските такси-возила предизвикаа сообраќаен хаос

Масовниот прекин на електричната енергија во Сан Франциско во текот на викендот доведе до застој на робот-такси возилата на Waymo,...

Европа1 ден

Зеленски: Мировните преговори се многу блиску до вистински резултат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговорите со САД и европските земји со цел да се стави крај на речиси...

Економија2 дена

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија2 дена

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија2 дена

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...