Свет
Поранешна амбасадорка на САД во Киев: Блиски соработници на Трамп водеа кампања против мене
Во Вашингтон продолжија сослушувањата во рамки на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Во центарот на истрагата е поранешната американска амбасадорка во Киев, Марија Јованович, која сведочела тајно минатиот месец, но транскриптот е дури сега објавен, благодарение на демократите.
Во објавениот транскрипт се наведува дека Јованович во Сенатот рекла дека е загрижена поради коментарите на Трамп за неа, за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Зеленски.
Трамп наводно рекол дека Јованович ќе мора „да помине преку некои работи“. Поранешната амбасадорка, која во мај била отповикана од позицијата, истакнала дека била шокирана кога дознала дека Трамп со месеци сакал да ја смени.
Тврди дека личниот адвокат на Трамп, Рудолф Џулијани, и Доналд Трамп Помладиот јавно ја нападнале на Твитер во содејство со конзервативните медиуми. Според неа, украинските власти ја предупредиле дека Џулијани е во контакт со тамошниот државен обвинител.
Како реакција на изјавата на амбасадорката, Трамп рекол дека дури не ја ни познава линчо.
„Ако ги погледнете транскриптите од телефонските разговори, ниту претседателот на Украина, Зеленски, немал добро мислење за неа“, додал Трамп.
Претставничкиот дом на Конгресот минатиот четврток усвои резолуција со која се формализира процесот за импичмент на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

