Контакт

Свет

Поранешниот адвокат на Трамп денеска оди во затвор

Објавено пред

Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, денеска ќе почне да ја издржува тригодишната затворска казна.

Коен е осуден за кршење на прописите за финансирање на претседателската кампања. Тој би требало да се јави во Отисвил до 14 часот по локално време, што се наоѓа околу 110 километри северозападно од Њујорк, пренесуваат американските медиуми.

Коен првично требаше да почне со издржување на казната затвор во март, но судот му дозволи два месеца одмор за да закрепне од операцијата на рамената.

Свет

Во Индија почина човек со 38 жени и 89 деца – се смета за глава на најбројното семејство во светот

Објавено пред

Во индиската држава Мизорам почина 76-годишник за кој се верува дека бил „глава“ на најбројното семејство во светот. Зијона Чана бил водач на религиозна секта која практикува полигамија, а починал во неделата, остава/јќи зад себе 38 жени, 89 деца и 36 внуци, пишува Би-би-си.

Веста ја потврди главниот министер на државата Мизорама, кој на „Твитер“ изрази сочувство до членовите на семејството. Наводно, Чана боледувал од дијабетес и висок крвен притисок.

Лекарите за новинската агенција ПТИ изјавиле дека неговата состојба се влошила додека бил во својот дом, во селото Бактаванг Тлангуам. Тој бил пренесен во болница во неделата вечерта, каде била констатирана смрт по пристигнувањето.

Би-би-си пишува дека е тешко со сигурност да се каже дали Чана навистина бил „глава“ на најголемото семејство во светот, со оглед на тоа што има и други луѓе кои тврдат дека се носители на таа титула.

Во исто време, тешко е точно да се процени бројот на членови на семејството. Најмалку еден извештај наведува дека тој има 39 жени, 94 деца, 33 внуци и едно правнуче, што е вкупно 181 член.

Но, без оглед дали станува збор за светски рекорд или не, Чана и неговото семејство станаа своевидна локална сензација што привлече туристи во селото во североисточна Индија.

Огромното семејство живее во куќа на четири ката наречена „Куќа на новата генерација“, која има дури 100 соби.

Неговите сопруги делат просторија во близина на приватната спална соба на Чана, објавија претходно локалните медиуми.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија ќе го одложи укинувањето на мерките поради индискиот сој на вирусот

Објавено пред

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се подготвува денес да објави дека т.н. ден на слободата ќе се одложи најмалку за две до четири недели.

Велика Британија, најверојатно, ќе го одложи укинувањето на сите мерки против пандемијата со цел да се избегнат илјадници хоспитализирани.

Владата претходно соопшти дека целосното отворање на земјата ќе биде на 21 јуни кога требаше да бидат укинати последните ограничувања, но сега се очекува сите планови да бидат одложени поради брзиот пораст на бројот на заразени со индискиот делта-вирус.

Повеќе од 90 проценти од заразените во Англија последните денови ја имаат оваа варијанта на вирусот, а здравствените работници се загрижени дека овој вид вирус е делумно отпорен на вакцината и дека е најмалку 40 проценти позаразен од другите соеви.

Прикажи повеќе...

Свет

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Објавено пред

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има далеку поголема корист од ризици за сите возрасни групи, особено за луѓето постари од 60 години.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ претходно го цитира Кавалери, кој наводно рекол дека вакцината на „Астра зенека“ треба да се избегнува за лица постари од 60 години поради страв од ретки случаи на згрутчување на крвта.

„За жал, моите зборови не беа добро интерпретирани во интервјуто за ‘Ла Стампа’. Вакцината на ‘Астра зенека’ има многу повеќе придобивки отколку ризици за луѓето од сите возрасти, а особено за луѓето постари од 60 години“, изјави Кавалери за „Ројтерс“.

Позицијата на Европската агенција за лекови е дека вакцината на „Астра зенека“ е безбедна и може да ја користат граѓани постари од 18 години, објави „Ројтерс“.

Сепак, неколку членки на ЕУ, како и Македонија, престанаа да им ја даваат вакцината на одредени возрасни групи поради ретки случаи на згрутчување на крвта.

„Ла Стампа“ го смени насловот на статијата на својата веб-страница и додаде објаснување. Главниот уредник на италијанскиот весник, Масимо Џанини, немаше коментар, додава „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет2 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија2 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт14 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт15 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт15 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија22 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа22 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ22 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија22 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт23 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Досие