Свет
Поранешeн менаџер на кампањата на Трамп се заканувал со самоубиство, сместен во болница
Поранешниот менаџер на изборната кампања на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, Бред Парскале, е сместен во болница затоа што се заканувал дека ќе изврши самоубиство.
Според Си-ен-ен, настанот се случил вчера, а во моментот кога се заканил дека ќе си го одземе животот, Парскале бил сам во својот дом во Форт Лодердејл, Флорида, и бил вооружен со огнено оружје.
Неговата сопруга за сè ја известила полицијата, која по успешните преговори го извадила од куќата и го префрлиле во болница.
Минатото лето Парскале е сменет од позицијата управител на кампањата на Трамп за претстојните претседателски избори во САД, но тој сепак задржал истакната позиција, иако од тогаш ретко се гледал во изборниот штаб на Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

