Свет
Последна шанса за Тереза Меј, клучно гласање за брегзитот во британскиот Парламент
Британската премиерка, Тереза Меј, вчера доби правно известување како гаранција за брегзитот од Европската Унија, еден ден пред клучното гласање во британскиот Парламент.
Меј вчера во Стразбур се сретна со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во последен обид да добие гаранција која претходно договорениот договор со ЕУ ќе го направи прифатлив за британските пратеници.
„Денеска, обезбедивме правно известување за измените“, рекла Меј на заедничката прес-конференција со Јункер, 17 дена пред излегувањето на Велика Британија од Унијата.
Британската премиерка најави три документи: заеднички инструмент, заедничка изјава и еднострана декларација за која рекла дека има цел да го реши најспорниот дел од договорот, таканаречениот backstop. Тоа е заштитен механизам за избегнување тврди граници меѓу Северна Ирска и Република Ирска по брегзитот за што дел од британските пратеници стравуваат дека Обединетото Кралство ќе го задржи врзано со ЕУ без временско ограничување. Според Меј, заедничкиот инструмент би требало да го намали ризикот Лондон да остане во стапицата на backstop.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

