Контакт

Европа

Потерница по најбараниот италијански мафијаш, уапсени 22 лица

Објавено пред

Во рамките на операцијата за потрага на најбараниот италијански мафијаш, Матое Денаро, уапсени се најмалку 22 лица, осомничени членови на сицилијански мафии, пренесоа италијанските медиуми. Рациите се спроведени во провинцијата Трапана во западниот дел на Сицилија, а во центарот на рацијата се најдоа членови на таканаречената мрежа „Пицини“, која се однесува на системот на шифрирани пораки напишани на хартија поради кои Денаро и натаму е во бегство.

dobivaj vesti na viber

Денаро (55) е во бегство од 1993 година и се смета за можен наследник на босот над босовите, Салваторе Тото Рине, кој минатата година почина во затвор издржувајќи 26 доживотни казни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Партијата на Орбан го предложи првиот човек на Уставниот суд за нов претседател на Унгарија

Објавено пред

Унгарската владејачка партија Фидес го номинираше претседателот на Уставниот суд, Тамаш Суљок, за нов претседател на земјата, на местото на Каталин Новак, која поднесе оставка овој месец, објави денеска владиниот портпарол на „Икс“.

dobivaj vesti na viber

Новак, долгогодишен сојузник на конзервативниот премиер Виктор Орбан, поднесе оставка на 10 февруари по силниот јавен притисок за помилување на човек осуден за помагање при прикривање на сексуална злоупотреба во дом за деца. Скандалот предизвика големи протести минатата недела.

„Денеска, по внимателно разгледување на состанокот на парламентарната група, Мате Кочис ја објави номинацијата на д-р Тамаш Суљок, претседател на Уставниот суд, за претседателски кандидат на владата“, рече портпаролот.

Претседателот на парламентот ќе одлучи кога парламентот, во кој Фидес има големо мнозинство, ќе го избере Суљок на оваа главно церемонијална функција. Гласањето треба да се одржи во март.

Опозициските партии се уште не ги предложиле своите кандидати. Суљок е претседател на Уставниот суд од 2016 година.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е груба, но бев во право

Објавено пред

Откако Кремљ се огласи за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека „Владимир Путин е луд кучкин син“, реагираше и самиот руски претседател.

dobivaj vesti na viber

Путин рече дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп, пишува Ројтерс. Тој искоментира и дека изјавата на Бајден е груба.

„Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател и судејќи според она што тој штотуку го кажа, јас сум апсолутно во право. Бајден не може да ми каже: „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам – Бајден“, рече саркастично Путин на државната телевизија.

Кремљ претходно соопшти дека Бајден ги понижил САД нарекувајќи го Путин „луд кучкин син“ за време на вчерашната кампања за собирање средства во Сан Франциско. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека следниот пат кога Бајден ќе ја употреби фразата „луд кучкин син“, треба да запомни дека Американците ја поврзуваат фразата со неговиот син Хантер Бајден.

Прикажи повеќе...

Европа

Нови британски санкции кон Русија: „Тие ги исцрпуваат ресурсите што очајно му се потребни на Путин“

Објавено пред

Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Русија во обид да го ограничи воениот арсенал и финансирањето на воената машина на претседателот Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Новиот пакет мерки вклучува повеќе од 50 поединци и субјекти и е последен во низата координирани напори на Западот да и нанесе удар на руската економија.

„Нашиот меѓународен економски притисок значи дека Русија не може да си ја дозволи оваа нелегална инвазија. Нашите санкции ги исцрпуваат ресурсите што на Путин очајно му се потребни за финансирање на војната“, рече министерот за надворешни работи Дејвид Камерон.

Велика Британија ја санкционираше руската индустрија за муниција, вклучително и државната компанија Свердлов. Мета на санкциите се и изворите на приходи во металуршката индустрија, енергијата и трговијата со дијаманти.

На листата санкции се и руските увозници и производители на машински алати кои се користат во производството на одбранбени системи и компоненти, од проектили и мотори до тенкови и борбени авиони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Коалицијата Вреди: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

„Изјавата на Ахмети за „големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени...

Македонија9 часа

Застарува предметот „Моќник“, во кој е обвинет Антонијо Милошоски

Предметот „Моќник“, во кој е обвинет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, застарува, соопшти Кривичниот суд. „Поради интерес на медиумите и...

Македонија9 часа

Синдикатот ги повика пратениците: Не гласајте измени со кои судската администрација нема да добие покачување на платата од 2.000 денари

Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација, Јасмина Величкова, ги повика пратениците да не ги гласаат законските измени со кои...

Македонија10 часа

Лекарската комисија не дала прецизно мислење од што треба да се лекува Леонид, Фондот за здравство вина гледа и во законот

Вината за случајот со младиот Леонид, Фондот за здравство ја гледа во првостепената лекарска комисија која го донела конзилијарното мислење,...

Македонија12 часа

Манолева за Леонид Индов: Родителите немаат побарано мислење дали е можно лекувањето или рехабилитацијата да се заврши кај нас

Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјата се исцрпени сите можности за...

Македонија12 часа

Граѓаните се во агонија, време е за женска димензија во политиката, рече Силјановска-Давкова

Сакам jавно да изразам благодарност до сите свои колеги и колешки кои ме уверуваа дека сум добро решение за кандидатка...

Македонија12 часа

Апанажа за Ковачевски и Спасовски во период од една година – ќе добиваат по 2.500 евра месечно

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски...

Македонија13 часа

Мијалков ослободен од обвинението за „Трезор“

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и...

Македонија13 часа

Во март ќе им се зголеми платата на сите вработени во здравствениот сектор, потврди Манолева

Лекарите, помошно-техничкиот персонал и административните службеници во здравствениот сектор ќе добијат повисоки плати во март, потврди денес заменик-министерката за здравство,...

Македонија14 часа

Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али...

Македонија14 часа

(Видео) Пратеници во инспекција: со стари дипломатски пасоши се поминува граница, со регуларните не

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со автомобил тргнаа кон македонско-бугарската граница, со цел, како што велат, да...

Свет16 часа

Кучето на Бајден најмалку 24 пати каснало членови на Тајната служба

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден најмалку 24 пати каснало агенти на американската тајна служба, кои се грижеле за безбедноста...

Свет17 часа

„Политико“: Повеќе од 20 земји сакаат холандскиот премиер да биде новиот шеф на НАТО

Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна...

Свет17 часа

(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот...

Македонија17 часа

Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Без никаков повод, само...

Регион17 часа

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија1 ден

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија1 ден

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија1 ден

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...