Свет
Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Станува збор за истражување за вакцината произведена од „Астра зенека“ и Универзитетот Оксфорд.
Универзитетот во Сао Пауло, кој помага да се координираат клиничките испитувања во третата фаза во Бразил, соопшти дека се работи за бразилски државјанин.
Во меѓувреме, Оксфорд објави дека независно тело потврдило оти инцидентот не е несакан ефект од вакцината и дека испитувањето ќе продолжи.
„По внимателна анализа на овој случај во Бразил, нема причина за загриженост за безбедноста на клиничкото испитување и независно тело како и бразилските власти советуваа да се продолжи со тестирањето“, соопштил портпаролот на Универзитетот.
Бразилската влада планира да ја купи британската вакцина и да ја произведува во биомедицинскиот центар „ФиоКруз“ во Рио де Жанеиро, а вакцината од ривалската кинеска компанија „Синовак“ веќе се тестира во институтот „Бутантан“ во Сао Пауло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Туск: Нападот со беспилотни летала врз Полска не беше грешка и ние го знаеме тоа

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека упадот на руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја не бил грешка.
„И ние би сакале нападот со беспилотни летала врз Полска да беше грешка. Но, не беше. И ние го знаеме тоа“, рече Туск во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Коментарот на Туск дојде како одговор на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека руската инвазија на Полска со беспилотни летала можеби била грешка.
„Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен за ништо што има врска со целата оваа ситуација. Се надевам дека ќе заврши“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, пренесува „Танјуг“.
Полска побара од своите сојузници дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руските упади по инцидентот претходно оваа недела, во кој беспилотни летала што преминуваа на нејзина територија од Украина и од Белорусија беа соборени од силите на НАТО.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Студентот што го постави последното прашање на Кирк пред да биде убиен испрати порака до оние што го слават убиството

Студент на Универзитетот „Јута Вали“, кој му го постави на Чарли Кирк последното прашање пред да биде убиен конзервативниот активист, проговори за пукањето.
Хантер Козак, студент по математика на Универзитетот, објави видео на социјалните мрежи реагирајќи на веста, поточно на неговата улога во последните моменти на Кирк. „Не знам како да го направам ова видео. Беа тешки 24 часа. Јас бев последната личност што разговараше со Чарли Кирк“, рече Козак.
Козак го праша Кирк дали знае колку трансродови Американци се одговорни за масовни пукања во изминатата деценија, на што Кирк одговори: „Премногу“.
Студентот одговори дека бројот е само пет, а потоа го праша Кирк дали знае колку масовни пукања имало во Соединетите Американски Држави во изминатата деценија. Кирк возврати со прашање: „Дали го броиме насилството на бандите?“ Неколку секунди подоцна, тој беше застрелан и убиен.
The man who asked Charlie Kirk the tr*nsgender question before he was shot breaks his silence.
“The point I was trying to make is how peaceful the left was (long pause) right before he got shot.” pic.twitter.com/NkF6yqsr6B
— Vigilant Fox 🦊 (@VigilantFox) September 11, 2025
Обраќајќи им се на оние што го славеа пукањето, Козак рече: „Првин на сите, вие болни ебани психопати, кои мислите дека ова е одговорот, не е. Не знам што друго да кажам. Ужасно е, децата се без татко. Чарли имаше две деца и жена“.
„Не сакам ова да биде за мене, но имам две деца и жена, и ако моето едногодишно момче, како и неговото едногодишно момче, порасне без сеќавање на својот татко, тоа е трагедија и тешко е да се справите со тоа“, нагласи тој.
„Луѓето очигледно укажаа на иронијата дека пред да биде застрелан се обидував да ја истакнам поентата колку е мирољубива левицата, а тоа има смисла само ако останеме мирољубиви“, тврди Козак.
„Колку и да не се согласувам со Чарли Кирк, јавно признавам колку не се согласувам со Чарли Кирк, но тој е сепак човечко суштество. Дали го заборавивме тоа?“, праша тој.
фото: принтскрин
Свет
Полскиот шеф на дипломатијата: Путин му се потсмева на Трамп, време е тој да сфати

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека „крајно време е претседателот Трамп да сфати дека Путин му се потсмева“. Во интервју за американската јавна телевизија PBS, Сикорски рече дека наместо примирје и сериозни мировни преговори, кои се очекуваа пред самитот на Алјаска, Русија испрати уште повеќе беспилотни летала – првин во Украина, а сега и во НАТО.
Неговата изјава доаѓа откога американскиот претседател Доналд Трамп инцидентот со руските беспилотни летала што влегоа длабоко во полскиот воздушен простор завчера го нарече грешка.
Трамп: Тоа можеше да биде грешка
„Немам ништо добро да кажам за целата ситуација, се надевам дека ќе заврши, но можеше да биде грешка“, им рече Трамп на новинарите, според „Киев пост“. Неговата изјава предизвика негодување во Полска и меѓу европските сојузници, кои ги оценија беспилотните летала како намерна провокација и нова ескалација на војната.
Сикорски кратко напиша на социјалните медиуми: „Не, тоа не беше грешка“.
„Путин го тестира НАТО“
Аналитичарите предупредуваат дека нападот бил тест за алијансата. Пензионираниот полковник на американската армија Ричард Вилијамс за „Киев пост“ изјави дека нападот бил намерен и иницира прашања за политичката волја на НАТО: „Едно е да се има капацитет, друго е да се има волја да се одговори“.
Јуриј Бојечко од хуманитарната организација „Надеж за Украина“ рече дека Путин гледа слабост: „Поради Трамп, НАТО и САД изгледаат слабо. Путин неказнето преминува една црвена линија по друга“.
Фото: принтскрин