Свет
Почина главниот палестински преговарач за мир со Израел, имал коронавирус
Саеб Ерекат, главниот палестински преговарач во мировниот процес со Израел, почина на 65-годишна возраст по заболувањето од Ковид-19, изјави официјален претставник на неговото движење Фатах.
Истакнатиот палестински портпарол Ерекат служеше и како генерален секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и беше член на нејзината најмоќна фракција – Фатах.
Тој силно се залагаше за решение на две држави за ставање крај на конфликтот со Израел и остро ја критикува израелската политика на населување на окупираната територија за која рече дека може да ги уништи изгледите за одржлива Палестина.
Ерекат на 8 октомври потврди дека бил заразен од коронавирус.
Во 2017 година тој беше подложен на трансплантација на белите дробови во САД, што го ослаби неговиот имунитет.
Минатата недела тој беше пренесен од неговиот дом во градот Ерихон на Западниот Брег во медицинскиот центар „Хадаса“ во Израел. Лекарите го приклучиле на апарат за дишење и го ставиле во медицински предизвикана кома кога неговата состојба се влошила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

