Свет
Почина рускиот космонаут кој го направи првиот чекор во вселената

Почина рускиот космонат Алексеј Леонов, првиот човек што прошета во вселената на 85- годишна возраст, јавуваат агенциите. Во 1965 година, Леонов беше првиот човек што излезе од вселенскиот брод на отворен простор.
Алексеј Архипович Леонов е советски и руски космонаут, воздухопловен генерал полковник, писател и уметник.
,,Леонов почина во болницата Бурденко по долго боледување и ќе биде погребан на Федералните воени гробишта на 15 октомври„, изјави за ТАСС неговата секретарка Наталија Филимонова.
Леонов двапати претстојуваше во вселената, при што летовите траеја вкупно седум дена.
За време на мисијата Восход 2 на 18 март 1965 година, тој излегол од вселенското летало и останал во вселената 12 минути.
Имаше големи тешкотии да се врати во кабината. При враќањето во леталото, тој, наводно, се соочил со посериозни проблеми. Неговото космонаутско одело толку се надуло што неможел да влезе низ вратата.
За време на вториот лет, во 1975 година, тој беше командант на екипажот што учествуваше во меѓународна мисија што слета на вселенското летало Сојуз-19 и американскиот Аполо-18.
Леонов требаше да биде првиот астронаут од Советскиот сојуз кој слетал на Месечината, но таа мисија беше откажана.
Роден е во 1934 година во селото Листвјанки, Сибир. Пред да стане космонаут, тој бил пилот во воздухопловните сили на Советскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев ќе бидат запрени, додека Вашингтон се обиде да го намали значењето на паузата.
Тоа е сериозен удар за Украина во време кога Русија ги засилува нападите во отсуство на дипломатски напредок за решавање на конфликтот. Американскиот претседател Доналд Трамп му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин од јануари, обидувајќи се да изврши притисок врз него да ги запре борбите, но без да постигне конкретен напредок.
Вчера, сосема неочекувано, неговата администрација објави дека престанала да испорачува одредени видови оружје во Киев, официјално поради загриженост за намалувањето на залихите на муниција во САД, од каде што доаѓа најголемиот дел од воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Американските претставници вчера се обидоа да го минимизираат влијанието на потегот, без да дадат детали. „Министерството за одбрана продолжува да му презентира опции на претседателот во врска со воената помош за Украина, во согласност со целта за завршување на оваа трагична војна“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за новинарите.
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на брифингот изјави дека „ова не е суспензија на американската помош за Украина или испораката на оружје“, туку „изолиран инцидент“.
Оружјето, муницијата и опремата од Соединетите Американски Држави, како и разузнавачките информации, им овозможија на украинските сили да ги сопрат руските трупи, кои окупираа речиси 20 проценти од украинската територија. Украина останува зависна од американските испораки на оружје, изјави за АФП висок украински воен функционер.
„Европа прави сѐ што може, но ќе ни биде тешко без американска муниција“, додаде тој. Синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Вашингтон и Киев се обидуваат да ги „разјаснат сите детали“ во врска со воената помош што Соединетите Американски Држави сè уште ја обезбедуваат. „Продолжената американска помош за нашата одбрана и нашиот народ е во наш заеднички интерес“, рече тој.
Европа
(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2 јули, објавија и руски и украински Телеграм канал.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на магацинот за кој се тврди дека се наоѓа источно од рускиот окупиран град Донецк.
Украинската војска не го коментираше нападот, а во моментов нема информации за обемот на штетата.
💥Just now: strike reported on the Russian ammunition depot on Khartsyz'k. pic.twitter.com/o33onaTPWF
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.
Вечерта на 30 јуни, Украина слично започна напад врз командниот пункт на 8-та комбинирана армија на руските вооружени сили во рускиот окупиран дел од Донецката област. Според неофицијални информации, нападот бил извршен од британски крстосувачки ракети со долг дострел од типот Storm Shadow.
Russian ammunition depot in Khartsyzk https://t.co/VkenrZaEV1 pic.twitter.com/ktxSlOzcCd
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Со месеци, Русија ја фокусираше својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не беше погоден од борбите.
Свет
(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина на индонезискиот остров Бали, објави утрово Метро ТВ, повикувајќи се на Агенцијата за пребарување и спасување на Индонезија.
Бродот „КМП Туну Пратама Џаја“ потона речиси половина час по напуштањето на пристаништето Кетапанг во Источна Јава, соопшти агенцијата, без да наведе можна причина. Потрагата по исчезнатите е во тек, се додава во соопштението.
A ferry has capsized off the coast of Bali leaving two people dead and 43 others are missing. 65 passengers and crew were on board the late night service from East Java. The search for survivors continues. #bali #ferrycapsize #eastjava #indonesia #7NEWS pic.twitter.com/dGYUA6NV6V
— 7NEWS Australia (@7NewsAustralia) July 3, 2025
Според списокот на лица кои се качиле на фериботот, имало 53 патници и 12 членови на екипажот, објави агенцијата, додавајќи дека на бродот имало и 22 возила, од кои 14 биле камиони.