Европа
По двочасовен разговор заврши видео состанокот меѓу Путин и Бајден

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден вечерва по нешто повеќе од два часа го завршија меѓусебниот разговор кој се одржа во формат на видеоконференција.
Разговорот започнал околу 18.08 часот по московско време, а завршил во 20.10 часот, пренесува агенцијата „Тасс“.
На почетокот на видео-средбата Путин и Бајден се поздравиле, а американскиот претседател изразил надеж дека наскоро ќе имаат лична средба.
Разговорот потоа беше затворен за јавноста. Видео-конференцијата беше организирана преку безбедна видео-врска наменета за разговори меѓу светските лидери, која за прв пат беше искористена денеска.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека линијата за комуникација која ја користеа двајцата претседатели била воспоставена за време на претходните американски администрации, кога, како што рече, сè уште имало нешто креативно во руско-американските односи.
Во пресрет на разговорите со Путин, претседателот на САД наводно разговарал со европските сојузници со цел да се разменат мислења за рускoто трупање на војници во близина на украинската граница, а тема на разговорот биле и потенцијални економски санкции против Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Поранешната секретарка на Зоран Милановиќ оди во затвор, украла државни пари за скапи чевли

Сандра Жељко, поранешната секретарка на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ќе мора да оди во затвор четири и пол години бидејќи проневерила најмалку 130.000 евра од државната каса заедно со тогашниот шеф на кабинетот на Милановиќ, Томислав Сауча, пишуваат медиумите во регионот. При претресот на нејзиниот стан полицијата во плакарот за чевли пронашла повеќе од 80 пара луксузни чевли, вредни 50.000 евра.
Тие двајца беа осудени на затворска казна уште во 2020 година, но Врховниот суд во Хрватска дури сега ја прогласи за конечна. За оваа одлука Жељко дознала сосема случајно бидејќи никој од институцијата претходно не ја известил.
„Случајно го видов написот на еден портал, барав нешто, веќе не знам точно што. И кога ја видов конечната пресуда, помислив дека тоа е некаква грешка. Дека можеби е погрешна формулацијата или нешто. Не разбрав, бев шокирана. Влегов во статијата и го видов датумот, 21 март. Бев изненадена, во неверување, не знам што да кажам“, изјави Жељко за локалните медиуми.
Покрај затворската казна, забрането им е да извршуваат јавна функција во следните пет години. И двајцата треба да ја вратат незаконски стекнатата имотна корист, при што Сауча платил 50.000 евра, а Сандра Жељко 80.000.
Според пресудата, Жељко проневерилa многу повеќе пари од нејзиниот тогашен шеф.
По изрекувањето на пресудата, таа за хрватските медиуми изјави дека не е виновна и дека само си ја работи својата работа.
На судењето, во текот на претходните години, за хрватската јавност секако најинтересна беше полемиката за нејзината колекција чевли. Имено, во нејзиниот стан биле пронајдени дури 80, а сите биле брендирани.
Жељко се бранеше дека ги купила во претходните 30 години од кариерата, најмногу на попусти, и дека ги чувала внимателно.
„Тоа беше главната атракција за полицајците, моите чевли“. Ако мојот криминал се тие чевли… дојдов од Вуковар, останав без ништо. Морам да напоменам дека немам деца, сама сум и со платата си купував што сакав. А ако има некакви брендови, тие секогаш се купуваат со попусти од 50 до 70 проценти. Ако моите чевли се проблем во целата работа, не знам што да кажам. Затоа што, ако имало нешто во мојот стан, тогаш ќе го покажале, немало да се занимаваат со моите чевли“, рече Жељко.
Таа за време на својата одбрана изјавила дека највисоката цена што ја платила за чевлите била околу 2.150 евра, а некои од нив ги дели со мајка си и со сестра си, со кои и живее.
Исто така, во нејзиниот стан бил пронајден патен налог, кој, како што тврди, ѝ бил подметнат. Зад тоа, смета таа, стои нејзиниот поранешен шеф, кој, како што тврди, носел одлуки за кои сега е одговорна.
„Не сум била важен човек, ниту сум имала функција да можам самоиницијативно некому да му давам наредби. Јас само си ја вршев работата“, заклучила таа и додала дека сè правела по наредба на шефот.
Сепак, на судењето нејзиниот шеф изјави дека таа е таа што крадела и ја искористила дупката во системот.
Европа
Кадиров: Да им покажеме како е

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, предлага на западните земји да им се покажат последиците од загадувањето со ураниум.
„Велика Британија речиси се фали дека сака да испорача муниција со осиромашен ураниум на Украина. Тие дури успеаја да смират сè – како да не е радиоактивен ураниум. Како и да е, има илјада пати помалку такви будали во Русија, кои не ги разбираат својствата на тешкиот метал“, напиша Кадиров на каналот „Телеграм“.
„Нема да ве потсетувам на последиците од употребата на таква валкана муниција, но верувам дека земјите што се непријателски настроени кон Русија не треба да кажат ниту ‘у’ од ураниум. Кога само една би му ги покажала на Западот последиците од ураниум, желбата да се зборува на таа тема би исчезнала сама по себе“, напиша Кадиров.
Како што додаде, Западот, Европската Унија, НАТО и „другите слични криминално-терористички заедници“ презентираат нови идеи насочени кон „прободување на Русија и убивање повеќе Украинци“.
Британскиот заменик-министер за одбрана, Анабел Голди, претходно изјави дека, покрај испраќањето ескадрила борбени тенкови „Челинџер 2“, Лондон ќе испрати во Украина и муниција, вклучително и оклопни гранати што содржат осиромашен ураниум.
По ова, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента. Американските трупи користеа муниција со осиромашен ураниум за време на операцијата „Пустинска бура“, бомбардирањето на Југославија и инвазијата на Ирак во 2003 година. Како што забележаа експертите, употребата на оваа муниција може да доведе до онколошки заболувања.
Европа
Шефот на кабинетот на Орбан: Унгарија нема да го уапси Путин доколку влезе во земјата

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку сака да влезе во земјата, изјави денеска Гергељ Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан додавајќи дека тоа нема да има правна основа.
На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљас на брифингот рече дека Римскиот статут не е влезен во унгарскиот правен систем, пренесува „Ројтерс“.
„Мораме да се повикаме на унгарскиот закон врз основа на кој не можеме да го уапсиме рускиот претседател, исто како што не е објавен статутот на Меѓународниот кривичен суд во Унгарија“, рече Гуљас.