Свет
По масакрот, фатен напаѓачот што уби 10 лица во Колорадо

Полицијата го идентификува осомничениот за убиството на десет лица во супермаркет во Колорадо.
Станува збор за 21-годишник по име Ахмад ал-Аливи Алиса.
Осомничениот, како што пренесуваат американските медиуми, е од Арвада, Колорадо, и бил во стабилна состојба по добивањето рана на ногата во судир со полицајци што одговориле на нападот.
Властите ги идентификуваа и преостанатите девет жртви откако претходно беше објавено дека меѓу убиените е и 51-годишниот полицаец Ерик Тали.
Жртвите биле на возраст од 20 до 65 години, изјави шефот на локалната полиција, Марис Херолд.
Осомничениот е ранет и се наоѓа на лекување во болницата, а треба да биде пренесен во окружниот затвор, рече адвокатот на округот Болдер, Мајкл Дагерти.
Истражителите сè уште не знаат зошто напаѓачот почнал да пука во продавницата, додаде Дагерти. Тој рече дека истрагата е во рана фаза, но дека детективите сметаат оти осомничениот е единствениот напаѓач.
Извор од полицијата изјавил дека напаѓачот бил вооружен со лесна полуавтоматска пушка „АР-15“.
Мотивот за настанот сè уште не е познат, велат официјалните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукал кога полицајка середе мешаницата го извлекла огненото оружје наместо направа за електрошок
Младиот Даунт Рајт беше убиен во пукање додека беше запирен со неговото возило во местото Бруклин Центар, недалеку од локацијата на која минатиот мај во Минеаполис беше убиен Џорџ Флојд.
Полицијата објави снимка на која се гледа борбата меѓу Рајт и полицајка. Рајт се обидува со туркање да се врати во автомобилот, а на снимката се гледа како полицајка вика „електрошок“.
„Ми се чини, од она што го видов, од реакцијата на полицајката и нејзиниот стрес што следеше веднаш потоа, дека пиштолот случајно испукал, што резултирало со трагична смрт на господинот Рајт“, рече шефот на полицијата Тим Ганон.
Градоначалникот на гратчето Мајк Елиот рече дека сите жалат за трагичниот настан што не можел да се случи во полошо време.
„Ќе го го расветлиме овој случај. Ќе сториме сè за да се осигураме дека правдата за Даунте Рајт ќе биде задоволена“, рече Елиот.
Полицијата соопшти дека го запреле Рајт нешто пред два часот полноќ за сообраќаен прекршок и откриле дека по него е распишана потерница. Полицијата се обидела да го уапси, но тој успеала со туркање да се врати во автомобилот. Полицајка, чиј идентитет првично не беше откриен, пукала во мешаницата. Рајт продолжил да вози и се оддалечил неколку блока, кога удрил во друго возило. Тој починал на местото на настанот.
Подоцна беше објавено дека станува збор за службеничката Кимберли Потер, со 26-годишно полициско искуство, ветернака во службата.
Многумиуна критичари и скептици на социјалните мрежи се прашуваат како е воопшто возможно полицајка со многугодишно искуство да не направи разлика меѓу нејзиниот пиштол и направата за електрошокови.
Претседателот eо Бајден изрази жалење за трагичната смрт на младиот црнец, но исто така го осуди насилството што избувна на протестите што следуваа.
„Она што се случи во предградијата на Минеаполис е навистина трагично, но мислам дека треба да почекаме да видиме што ќекаже истрагата“, рече Бајден.
„Додека ги чекаме резултатите од истрагата, сакам да кажам јасно – апсолутно нема оправдување за насилството. Мирните протести се разбирливи“, додаде тој.
Свет
Експерти на ЕМА во Москва ја анализираат вакцината „спутник В“

Експертите од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да извршат проценка на вакцината „спутник В“ против ковид-19, објавија руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.
Претставници на европското регулаторно тело, кои започнаа анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведува третата клучна фаза од клиничките испитувања на „спутник В“ и разговараа со медицинскиот персонал, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на неименувани извори
„Можеме да кажеме дека во тек е конструктивен дијалог“, рекол извор за „Интерфакс“.
Европската агенција сè уште не даде зелено светло за „спутник В“ иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји на ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.
Регион
Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со т.н. завршување на планот за мирно распаѓање на БиХ може да доведе до нова војна на Балканот.
„Овие денови бев преплавена со повици и бројни загрижени пораки од БиХ, кои предупредуваат дека премиерот Јанша се обидува да го заврши планот Милошевиќ-Туѓман за формирање на голема Србија и Хрватска со предлог за мирно распаѓање на БиХ. Таквото неодговорно однесување би можело да доведе до нова војна војна на Балканот“, напиша Фајон на „Твитер“.
Таа побара од Јанша да објасни што има во документот што Словенија треба да му го достави на претседателот на Европскиот совет.
„Ако медиумските извештаи од БиХ и изјавите на дипломатите во регионот се точни, тоа може да биде многу штетно за Словенија“, напиша Фајон.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш