Контакт

Европа

По инцидентот „софагејт“, Шарл Мишел најави подобрен распоред на седење

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претстави план за подобрување на распоредот за седење и за еднакво право на говор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, за време на меѓународните посети во пресрет на инцидентот познат како „софагејт“.

За време на неговата прва средба со Фон дер Лаен по инцидентот од минатата недела на приемот кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Мишел повикал на заедничко разбирање во однос на билатералните самити на кои учествуваат двајцата претседатели, пренесува весникот „Политико“, кој имал увид во документот презентиран од Мишел.

Текстот на документот ветува дека поголемо внимание ќе се посвети на распоредот на местата за седење со цел да се обезбеди достоинствен третман на двајцата претседатели почитувајќи го протоколарниот ред.

Протоколарните оддели на двете институции се исто така поканети да бидат вклучени во подготовката на состаноците.

Мишел и Фон дер Лаен вчера се појавија пред политичките лидери во Европскиот парламент за да разговараат за скандалот со седењето.

Според парламентарните власти, Мишел неколкупати се извинил за своето однесување во Анкара, а Фон дер Лаен изразила непријатност.

Европа

Макрон ги обвини Вашингтон и Лондон за блокирање на извозот на вакцини

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги обвини Велика Британија и САД за блокирање на извозот на вакцини против коронавирус, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Макрон вели дека е подготвен да го разгледа повикот на американскиот претседател, Џо Бајден, производителите на вакцини за коронавирус да се одречат од патентните права, но истакна дека во глобалната борба против коронавирусот многу е поважно Вашингтон да ја укине забраната за извоз на вакцини.

„Денес, Англосаксонците блокираат многу состојки и вакцини, а 100 проценти од дозите произведени во САД се наменети за нивниот пазар“, нагласи Макрон, истакнувајќи дека ЕУ се бори вакцините да бидат јавно добро.

Прикажи повеќе...

Европа

Помладите Британци ќе можат да примат друга вакцина наместо на „Астразенека“

Објавено пред

Повеќето возрасни лица на возраст под 40 години во Велика Британија ќе можат да примат  друга вакцина доколку ја примат првата доза на „Астразенека“, пишува Би-би-си.

Одлуката е донесена поради поврзаност со ретки крвни згрутчувања. Регулаторот на безбедноста на лековите во Велика Британија вели дека се пријавени 242 случаи на коагулација и 49 смртни случаи и биле администрирани 28,5 милиони дози на вакцина. Но, ризикот е малку поголем кај помладата популација.

Се проценува дека вакцинирањето веќе спасило 10.000 животи во Велика Британија.

Вакцината развиена во соработка со „Оксфорд“ и „Астразенека“ е поврзана со ретки згрутчувања на крвта, кои исто така се јавуваат при ниско ниво на тромбоцити во крвта.

Ризикот од тромб е приближно 1 на 100.000 кај луѓето во четириесеттите години, но кај луѓето во триесеттите години тој број се искачува на 1 на 60.000.

Повеќето згрутчувања се формираат по примањето на првата доза, а на луѓето кои веќе примиле една доза на „Астразенека“ им се препорачува да примат втора доза од друга вакцина.

Сепак, на некои лица на возраст под 40 години ќе им биде понудена вакцина на „Астразенека“ затоа што е полесна за транспорт и складирање, што ја прави попрактично од алтернативите.

Сите возрасни се очекува да ја примат првата доза на вакцината до крајот на јули.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан им предлага на лидерите на ЕУ да ги прифатат сите вакцини

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Португалија, тој ќе предложи блокот да ги прифати сите вакцини што се покажаа безбедни и ефикасни и да ги искористи за забрзување на вакцинацијата низ целиот континент.

Унгарија е единствената земја на ЕУ што одобрила и применувала руски и кинески вакцини во големи количини, без Европската агенција за лекови да ги разгледа или одобри, наведува „Ројтерс“.

Тоа ѝ овозможи на Унгарија да достигне една од највисоките стапки на вакцинација во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион5 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт6 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ9 часа

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија10 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија10 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија12 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ14 часа

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија14 часа

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет14 часа

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија15 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија1 ден

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија1 ден

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија1 ден

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија1 ден

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 ден

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 ден

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија2 дена

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија2 дена

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Досие