Европа
По смртниот случај, Белгија ја запре употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за лица под 41 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/Vakcina-Dzonson.jpg)
Белгиските власти ја прекинаа вакцинацијата со „јансен“, вакцина на компанијата „Џонсон и Џонсон“ за лица под 41 година бидејќи една жена почина по примањето на вакцината.
„Меѓуминистерската конференција донесе одлука за привремено запирање на вакцинирањето со ‘јансен’ за граѓани на возраст под 41 година сè додека не дојде подетаљна анализа на придобивките и ризиците од ЕМА (Европската агенција за лекови)“, се вели во соопштението на јавните здравствени власти.
Жена помлада од 40 години почина на 21 мај. Таа претходно била хоспитализирана поради тежок случај на тромбоза и недостиг на тромбоцити, се вели во соопштението.
Таа била вакцинирана преку својот работодавец и надвор од официјалната белгиска кампања за вакцинирање.
Досега во Белгија пристигнаа 40.000 дози „јансен“, а 80 проценти од дозите се инјектирани на возраст над 45 години, се вели во соопштението.
Компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 20 април објави дека ќе ја продолжи испораката на вакцината во Европската Унија, но со предупредување на етикетата, откако побара од некои земји, вклучително и Белгија, привремено да престанат со вакцинацијата поради ретки случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето.
Компанијата тврди дека не е воспоставена јасна причинско-последична врска помеѓу тромбите и вакцините, а ЕМА посочува дека придобивките ги надминуваат ризиците.
Вакцината „јансен“, која се дава во единечна доза, првенствено се користи во Белгија за вакцинирање стари лица во нивните домови и за ранливите групи, како што се бездомници и мигранти без документи.
Белгија побара совет од ЕМА за да се процени врската помеѓу смртта на жената и вакцината на „Џонсон и Џонсон, но не соопшти кога очекува конечно мислење од Европската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Украинска политичарка застрелана во глава: „Ситуацијата е сериозна“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-215957.jpg)
Непознат сторител пукал во Ирина Фарион, поранешна украинска пратеничка од крајната десница, соопштија украинските власти. Фарион (60) е хоспитализирана со прострелна рана во главата, соопшти украинската национална полиција. Нејзината состојба е „исклучително сериозна“, додаваат тие.
Полицајците се обидуваат да го идентификуваат напаѓачот, пишува Киев Индепендент. Претседателот Володимир Зеленски беше информиран за ситуацијата од страна на министерот за внатрешни работи и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ).
„Секое насилство е за осуда и кој и да е одговорен мора да ги сноси последиците“, рече Зеленски.
Ирина Фарион, која е позната по нејзините контроверзни изјави за употребата на рускиот јазик во Украина, се приклучи на ултранационалистичката партија Свобода во 2005 година и беше пратеник во парламентот меѓу 2012 и 2014 година.
Во јуни 2024 година, таа беше вратена како професорка на Катедрата за украински јазик на Политехничкиот универзитет во Лавов, набргу откако беше отпуштена. Фарион предизвика бес кога на 6 ноември рече дека не може да ги нарекува украинските војници украински ако зборуваат руски.
Скандалот околу нејзините изјави ескалира откако таа наводно добила порака за поддршка од Максим Хлебов, проукраински студент кој живее на окупираниот Крим. Таа го објави мејлот на своите социјални мрежи, по што наиде на остри критики.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) во ноември 2023 година соопшти дека Фарион е под кривична истрага и за нејзините изјави за војниците кои зборуваат руски и за протекувањето на пораката на Хлебов.
Европа
Русите нудат парична награда за првиот уништен Ф-16
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ruski-vojnik.jpg)
Руски фирми нудат парични награди за уништување на F-16 Fighting Falcons, охрабрувајќи ја својата војска да ги уништи западните авиони кои наскоро ќе се појават над небото на Украина.
Ова првпат беше објавено на каналот Телеграм на руското Министерство за одбрана на почетокот на оваа недела.
„Ќе има награда за уништување на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. Наградата за првиот ќе биде 15 милиони рубли“, се вели во објавата, цитирајќи го директорот на руската нафтена компанија ФОРЕС Илја Потанин.
Инаку, 15 милиони рубљи се еднакви на околу 170.000 долари или околу 155.500 евра.
Министерството за одбрана соопшти дека се понудени и парични награди од 500.000 рубљи за уништување на тенковите на НАТО во Авдиивка, пренесува „Њузвик“.
На приложеното видео во објавата на Телеграм, може да се видат руски војници како добиваат награди и се ракуваат со нивните претпоставени офицери.
Европа
Зеленски ја моли новата британска влада: „Дозволете ни да ја нападнеме Русија со моќни ракети“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-194232.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на министрите на новата британска влада, на покана на премиерот Кир Стармер, и го повтори апелот до западните сојузници да дозволат напади врз Русија со ракети со долг дострел.
Зеленски е првиот странски лидер кој лично се обратил пред британскиот кабинет откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон го стори тоа во 1997 година.
Украинскиот претседател рече и дека Британија треба да ги убеди своите партнери, кои зазедоа различни позиции за тоа како Украина може да го користи оружјето што им е доставено, да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје и муниција.
„Во моментов го немаме главниот одговор на тоа прашање, што се однесува на нашите долгорочни можности. Ве молиме, убедете ги другите партнери да ги укинат овие ограничувања“, рече Зеленски.
Стармер му рекол на Зеленски дека Британија ќе ја забрза испораката на клучната помош за Украина, откако неговиот министер за одбрана на почетокот на овој месец потврди дека помошта ветена од претходната конзервативна влада ќе биде доставена за 100 дена.