Свет
Првата дама на САД со првоаприлско изненадување за новинарите

Новинарите што патувале со првата дама на САД, Џил Бајден, доживеале изненадување на 1 април на летот од Калифорнија до Вашингтон кога маскираната сопруга на американскиот претседател ги послужила со сладолед облечена како стјуардеса.
Во периодот за делење оброци во авионот таа се појавила во куса црна перика, црна маска на лицето и во црн костим, како и беџ со името Јасмин, пренесува агенцијата АП.
Неколку минути подоцна, Јасмин повторно се појавила без перика по што новинарите сфатиле дека се работи за Џил Бајден, која, смеејќи се, ги поздравила со пораката „Априлили“.
Соработниците на првата дама им рекле на новинарите дека еднакво биле изненадени кога го откриле вистинскиот идентитет на стјуардесата Јасмин.
Како што се наведува, Џил Бајден претходно во неколку пригоди има изјавено дека ужива да се шегува.
Кога нејзиниот сопруг беше потпретседател за време на администрацијата на Барак Обама, таа еднаш се скрила во просторот за оставање рачен багаж во авионот и ја исплашила првата личност што се обидела да ги спакува своите работи таму, пренесува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ублажување на анти-ковид мерките во Велика Британија

Од денеска, во Велика Британија ќе следи ублажување на анти-ковид мерките што ќе значи дека луѓето ќе можат да купуваат но и да посетуваат фризер.
Сите продавници, фризери и салони за убавина ќе можат да ги отворат вратите за клиентите, а во рестораните и пабовите ќе им биде дозволено да служат храна и алкохолни пијалоци во своите градини, објави Би-Би-Си.
Од денеска е дозволена и работа на теретаните, сауните, зоолошките градини, тематските паркови, домови и домови на културата, а престанува да важи и забраната
за членови на семејството, кои живеат во заедници, да одат на заеднички одмор со самостојно сместување.
15 лица ќе можат да присуствуваат на венчавка, додека на 30 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на погреб.
Децата ќе можат да излегуваат на игралишта.
Премиерот Борис Џонсон ги повика граѓаните и натаму да бидат одговорни, и покрај ублажувања на мерките.
Свет
Бразил гради уште една огромна статуа на Христос, меѓу трите најголеми во светот

Нова огромна статуа на Исус Христос се гради на југот на Бразил и ќе биде повисока од славниот Христос Откупителот кој се издига над Рио де Жaнеиро.
Статуата се гради од 2019 година во градот Енкантадо, во бразилската држава Рио Гранде до Сул. Завршувањето е планирано за втората половина на оваа година. Основач на идејата е градоначалникот Адроалдо Конзати, кој почина минатиот месец од Ковид-19.
Христос Заштитник со постамент ќе биде висок 43 метри, а распонот на раката ќе биде 36 метри. Ќе има внатрешен лифт и белведер во близина на врвот.
За споредба, Христос Откупителот е висок 38 стапки со пиедестал, а распонот на раката е 28 стапки. Таа статуа ќе „наполни 90 години“ во октомври.
Енкантадо, во бразилска смисла, мал град со 22.000 жители, се наоѓа на 150 километри северозападно од Порто Алегре, главниот град на таа држава. Статуата се поставува за да се поттикне религијата и туризмот во областа, велат локалните власти. Автори на скулптурата се татко и син, Генесио и Маркус Моура.
Цената на проектот е два милиони реали (2,2 милиони куни) и тој е целосно финансиран од донации.
Тоа ќе биде трета највисока статуа на Исус во светот. Хесус Бунту Бураке во Индонезија и статуата на Кралот Христос во Сиебоџин, Полска, се високи повеќе од 50 метри.
Свет
Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила чувството за вкус и мирис на почетокот на пандемијата. Една година подоцна, таа стравува дека сетилата никогаш нема да и се вратат.
Таа разговарала со оториноларинголози и невролози, испробала многу спрејови за нос и е дел од група пациенти експериментално третирани со рибино масло.
Таа е една од ретките луѓе со долготрајна анозмија, нарушување што е потценета последица од пандемија со Ковид-19.
Повеќето од оние кои го изгубиле чувството за вкус и мирис во пандемијата се опоравуваат „за три до четири недели“, вели Валентина Парма, психолог од Универзитетот Темпл во Филаделфија.
Но, 10 до 15 проценти од нив страдаат со месеци, додаде Парма.
Губењето на чувството за мирис и вкус од пандемијата погоди околу десет милиони луѓе ширум светот. Вкусот и мирисот честопати се сметаат за помалку важни од видот и слухот и нивната загуба се смета како помалку сериозна од другите последици на долгиот Ковид-19.
Парма не се согласува со ова бидејќи губењето на вкус и мирис може да доведе до вознемиреност, па дури и депресија.
Најчестото прашање што го поставуваат луѓето кои ги изгубиле овие чувства е „Дали сетилата ќе се вратат некогаш?“
Парма вели дека тоа е тешко да се предвиди.
„Држете се, не губете ја надежта и ви посакувам се најдобро“, додаде Парма.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш