Свет
Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол дека за спорот околу таа територија, која во 1990-те години прогласила независност од Азербејџан и во која Ерменците се мнозински народ, решението треба да се бара во преговорите под покровителство на копретседавачите на Минската група на ОБСЕ.
Тој вели дека на таквите преговори им е потребна „соодветна атмосфера“, пренесе ерменската новинска агенција „Армен прес“.
„ Според нас преговорите треба да продолжат со точката со која почнаа. Тоа е форматот на копретседавачката Минска група“ рекол Пашињан, но додал дека за преговорите е тешко да се зборува кога се во тек воени операции.
Затоа, како што додал, пред се треба да се спречи насилството.
„ Азербејџан би требало да признае дека конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Не започна со ништо. Долго време, азербејџанската влада спроведуваше анти-ерменска пропаганда и долго време се закануваше дека, спротивно на сите меѓународни повици, планира да го реши насилно проблемот со Нагорно Карабах“, нагласи Пашинијан.
Тој додаде дека се надева дека сега, кога, како што рече, не успеа да ги спроведе плановите на неговото воено раководство, Азербејџан ќе сфати дека конфликтот во Нагорно Карабах нема воено решение.
Претставниците на земјите од колективното претседателство на Минската група – Франција, Русија и Соединетите држави – вчера го повторија апелот на копретседателите на сите страни веднаш да ги запрат непријателствата и да ги продолжат преговорите со цел да се најде одржливо решение за конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски за нападот врз Украина: Русија не ги слуша повиците за мир, потребна е порешителна акција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на новиот руски напад со беспилотни летала, нагласувајќи дека, иако целиот свет повикува на мир, Русија не покажува подготвеност да го прифати и дека Украина мора да преземе порешителни акции во врска со купувањето беспилотни летала и оружје.
На својот Телеграм канал, Зеленски рече дека Украина синоќа била цел на напад од речиси 90 руски борбени беспилотни летала, од кои повеќето биле неутрализирани од украинскиот систем за противвоздушна одбрана, објави „Униан“.
Најголемите напади, рече тој, се регистрирани во регионите Донецк, Киев, Суми, Харков, Чернихив и Дњепарк, а биле нападнати и украинската инфраструктура и бизниси.
„Две лица се повредени во Павлоград, додека во Киев моментално се работи на отстранување на последиците од нападот, кој ја оштетил инфраструктурата на јавниот превоз“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека, и покрај глобалните повици за мир, вклучително и оние на американскиот претседател Доналд Трамп, Русија не реагира на дипломатските иницијативи.
Тој истакна дека Украина мора поактивно да спроведува сè што ги зајакнува нејзините одбранбени капацитети, вклучително и предложените договори за оружје и беспилотни летала со САД.
„На маса се големи договори за купување беспилотни летала и оружје, што Украина ѝ ги понуди на Америка. Потребна е решителна акција за Русија конечно да се согласи на дипломатија“, рече претседателот на Украина.
Зеленски, исто така, им се заблагодари на сите земји што ѝ помагаат на Украина, нагласувајќи ја важноста на односите со Соединетите Американски Држави за долгорочната безбедност на Украина.
Фото: принтскрин
Свет
Медведев: Проектот на Советот на Европа за Украина е апсолутно психоделичен

Нацрт-конвенцијата за формирање меѓународна комисија за претензии за Украина е апсолутно психоделичен, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Тешко е да се каже кои халуциногени супстанции ги користат службениците од Стразбур, но резултатите се јасни. Изготвен е целосно психоделичен нацрт на конвенцијата за формирање меѓународна комисија за барања кон Украина“, сподели Медведев.
Политичарот нагласи дека Москва ќе ги искористи сите можни средства за да ги заштити интересите на земјата. Тој изјави дека Русија не го признава застарувањето на ваквите барања и планира да бара одговорност за ваквите дејства.
„Русија ќе одговори на создавањето ново тело во рамките на Советот на Европа, чија цел е да собира надомест од Москва“.
Медведев ја опиша оваа структура како „антируско квазисудско тело“. Се очекува финансирањето на овој проект да дојде од буџетот на земјите што ќе одлучат да го поддржат. Сепак, како што забележа, европските земји немаат достапни средства, што ги наведува да се надеваат дека Русија самата ќе ја плати сметката ако „се врати во европското семејство“.
Медведев претходно изјави дека создавањето зона на забранети летови над Украина и можноста на земјите од НАТО да соборуваат руски беспилотни летала значи директен конфликт меѓу воениот блок и Русија.
Фото: принтскрин
Свет
САД сакаат повторно да ја преземат базата Баграм во Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат повторно да воспостават контрола врз клучната воена база Баграм во Авганистан, четири години по целосното повлекување на американските трупи.
На заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Стармер, Трамп ја нагласи стратешката положба на базата и порача: „Ја сакаме назад таа база. Се наоѓа на еден час летање од местото каде што Кина го произведува своето нуклеарно оружје“.
Планот доаѓа во пресрет на разговорите со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во време кога Вашингтон изразува загриженост поради проширувањето на кинескиот нуклеарен арсенал. Според информации од медиумите, американски функционери веќе неколку месеци остваруваат контакти со талибанската власт во Кабул.