Контакт

Свет

Преполни болниците во Бразил, системот пред колапс

Објавено пред

Болниците во најголемиот бразилски град Сао Пауло би можеле за две недели да бидат преполни. Во тој случај здравствениот систем би можел да се урне поради зголемениот број заболени од коронавирус, предупреди градоначалникот Бруно Ковас.

Тој рекол дека во моментот исполнети се 90 отсто од капацитетите во јавните болници, кои за две недели би можеле да останат без слободни места.

Сао Пауло е еден од најтешко погодените региони во земјата со речиси 3.000 смртни случаи, пренесува Би-би-си.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Бразил изби на четвртото место во светот по бројот на потврдени случаи, кој е над 240.000.

Медицинските експерти во Бразил предупредуваат дека вистинскиот број на заразени би можел да биде многу поголем, поради малиот број тестирања.

Претседателот Жаил Болсонаро се соочува со критики и во земјата и во странство поради начинот на кој раководи со кризата. Тој од почетокот ја намалува сериозноста на вирусот и ги повика граѓаните да не ги почитуваат мерките за изолација тврдејќи дека тие ќе ѝ штетат на економијата.

Регион

Грција ги очекува Германците, Кипарците и Израелците во првиот бран на туристи

Објавено пред

Грција ќе им овозможи на патниците од околу 20 земји, вклучително и Германија, Кипар и Израел, да влезат од средината на јуни, а нивните граѓани нема да мора да бидат ставени во карантин, откриваат владини извори, нагласувајќи дека се очекуваат првите туристи токму од тие три земји.

Туризмот учествува со околу 20 проценти од грчката економија и владата го смета овој сектор како главен двигател на закрепнувањето по изолацијата.

„Ќе можат да дојдат граѓани од 20 до 25 земји“, открива извор од владата, додавајќи дека Германија, Кипар, Израел и други европски и балкански земји се на списокот.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Германците ќе можат да ја посетат Грција од 15 јуни. Меѓународните летови за Солун ќе продолжат на истиот датум, две недели порано од планираното.

Граѓаните на ЕУ – со исклучок на Италија, Шпанија и Холандија – моментално можат да летаат кон Атина, но мора да бидат ставени 14 дена во карантин.

На граѓаните на Велика Британија и на трети земји им е забрането влегување во Грција.

Друг владин извор рече дека здравствените експерти разговараат дали патниците треба да бидат тестирани за коронавирус пред посетата на Грција.

Владата објави дека планира да ги обнови меѓународните летови кон грчките острови на 1 јули, но сè до 15 јули нема да дозволи влез на државјани на земји со висока стапка на инфекција.

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

Москва ги негира тврдењата на американскиот генерал за руски платенички авиони во Либија

Објавено пред

Извештаите за префарбани руски борбени авиони испратени да ја бомбардираат Либија немаат никаква врска со реалноста, посочи Москва како одговор на најновите сензационални тврдења на Африканската команда на САД за наводна руска вмешаност во регионот, пренесува „Интерфакс“.

„Обвинението дека Русија испратила борбени авиони во Либија не соодветствува на реалноста. Позицијата на Русија е добро позната: ние сакаме да му ставиме крај на крвопролевањето во Либија, ги повикуваме сите страни во конфликтот да се воздржат од употреба на оружје и да седнат на преговарачката маса “, рече Андреј Красов, првиот потпретседател на Комитетот за одбрана на Државната дума, во вторникот.

Красов се осврна на тврдењата на АФРИКОМ претходно дента, во кои е прикажани серија нејсни фотографија на ливци „МиГ“ и „Сухј“ и тврдењето на генералот Чарлс Таунсенд  дека во чекор следеле  како Русија лета авиони од четвртата генерација во Либија.”

Соопштението за печат на АФРИКОМ, кое го цитира Таунсенд, беше далеку повнимателно во врска со тврдењето, велејќи дека тие „процениле“ оти авионите неодамна биле распоредени во Либија за поддршка на приватните воени изведувачи „Вагнер груп“ и дека постои голема веројатност оти обезбедуваат блиска воздух поддршка. Исто така, „се проценува“ дека авионите дошле од Русија преку Сирија, каде биле префарбани за да го сокријат своето руско потекло.

И тврдењето на Таунсенд  дека „следеле“е квалификација бидејќи тој рече дека ниту Либиската национална армија ниту приватните компании не можат да ги вооружат, да раководат и да ги поддржуваат овие борци без државна поддршка – поддршка што ја добиваат од Русија“.

АФРИКОМ не прецизираше како наводното префарбување многу специфични авиони ќе го маскира нивното потекло или ќе понуди докази за нивните „проценки“.

Фати Башага, министер во Владата на национален договор (ГНА) со седиште во Триполи – која се бори против ЛНА за контрола во Либија – минатата недела во интервју за „Блумберг“ тврдеше дека најмалку шест МиГ-29 и два „сухои Су-24“ пристигнале во Либија од воздушната база „Хмеимим“ во Сирија, каде што се наоѓаат руските експедитивни сили.

Минатиот месец, неименувани официјални претставници на АФРИКОМ, кои се залагаат за враќање на американските сили во Либија, преку пријателски репортер во Вашингтон, инсинуираа дека руското присуство ќе биде поопасно за НАТО од тоа на терористите на Исламска држава.

„Русија не е заинтересирана за тоа што е најдобро за либискиот народ, туку работи на тоа да ги постигне своите стратешки цели “, е уште една „проценка“ од изјавата на АФРИКОМ, која тврди дека дестабилизирачките активности на Русија во Либија ќе ја влошат мигрантската криза што ја зафаќа Европа.

Инсистирањето на САД дека Русија ја дестабилизира Либија е збунувачко затоа што токму операцијата на НАТО за промена на режимот во 2011 година, која ја собори владата на Моамер Гадафи, ја претвори најпросперитетната африканска земја во хаотичен пустош.

Маршалот Калифа Хафтар, кој ја предводи ЛНА, пребегал во САД во 1980-тите години и со децении живеел во близина на седиштето на ЦИА пред да се врати во Либија по 2011 година.

Русија и Турција – членка на НАТО, која отворено ја поддржа ГНА и испрати редовни трупи во Триполи на почетокот од годинава – организираа серија преговори помеѓу Хафтар и владата во Триполи на почетокот од годинава, но ГНА одби да се сретне директно со лидерот на ЛНА.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Вработен во радио во Тајланд застрелал тројца колеги

Објавено пред

Три лица, наводно, биле убиени од вооружен напаѓач во радио-станица на јавниот радиодифузер НБТ на Тајланд. Се чини дека пукачот е незадоволен вработен во радиото, пренесува РТ.

Нападот се случил утрово во седиштето на ННТ3, радиостаница што емитува од градот Фитсанулок. Според локалните медиуми, директорот на радио-станицата и двајца инженери биле убиени, а друго лице било повредено и по нападот било однесено во болница.

Напаѓачот е идентификуван како техничар кој работи во станицата, и кој веројатно прибегнал кон насилство по конфликт на работното место. Полицијата го уапсила и запленила два пиштоли што биле во негова сопственост.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи

Риасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул...

Македонија57 минути

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија1 час

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија2 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е превидена награда за полицајците....

Македонија2 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија4 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет4 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет5 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија5 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија6 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија6 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава8 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија18 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија19 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија19 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија19 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија19 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион1 ден

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија1 ден

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија1 ден

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Досие