Европа
Претседателот на Европскиот совет најави нови санкции за Русија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека е „потресен од застрашувачките слики од злосторствата извршени од руската армија во Буча, ослободен регион во регионот на Киев“.
– Европската унија ќе и помогне на Украина и на невладините организации во собирањето на потребните докази за кривично гонење пред меѓународните судови – рече Мишел.
Тој најави и нови санкции на Европската унија против Русија како знак на поддршка за Украина.
Потсетуваме дека Министерството за одбрана на Украина денеска објави вознемирувачко видео во кое информира дека во текот на претходните неколку недели цивили во Буча биле „случајно убиени, некои со врзани раце зад грб, а нивните тела биле расфрлани по градските улици .
Тој ја нарече Буча „новата Сребреница“.
Shocked by haunting images of atrocities committed by Russian army in Kyiv liberated region #BuchaMassacre
EU is assisting #Ukraine & NGO’s in gathering of necessary evidence for pursuit in international courts.
Further EU sanctions & support are on their way.
Слава Україні!
— Charles Michel (@eucopresident) April 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.