Свет
Претседателот на Литванија го повикува НАТО да ѝ дозволи на Украина да нападне руска територија
Литванскиот претседател Гитанас Науседа денеска го повика НАТО да одговори на помошта на Северна Кореја во руската војна против Украина и да му обезбеди на Киев сè што му е потребно за да победи вклучувајќи и дозвола за удари на територијата на Русија со западно оружје. „Севернокорејските трупи ѝ помагаат на Русија во војната против Украина.
НАТО треба да одговори со обезбедување на Украина со сè што е потребно за победа: ракети со долг дострел, дозвола за напад на воени објекти во Русија, зголемување на воената помош“, напиша Наузеда на платформата „Икс“. Според него, „неодлучноста води кон ескалација, а не обратно“. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во понеделникот го потврди присуството на севернокорејски трупи во Русија и нивното распоредување во регионот Курск за учество во војната против Украина.
Американското Министерство за одбрана има податоци за трансферот на речиси 10.000 војници од Северна Кореја во Русија на обука, како и за учеството во војната на Руската Федерација против Украина. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека на страната на Русија веќе се борат 3.000 севернокорејски војници, а набргу, како што наведе, нивниот број ќе се зголеми на 12.000, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

