Свет
Претседателот на Перу, кој се вакцинира преку ред, заболе од коронавирус
И покрај вакцинацијата преку ред, што му ја уништи политичката кариера, поранешниот перуански претседател, Мартин Визкара, заболел од коронавирус.
„И покрај потребната грижа да избегнеме да го донесеме вирусот дома, јас и сопругата имаме позитивен тест на Ковид-19, но немаме симптоми“, објави Визкара на „Твитер“.
На почетокот на овој месец на Визкара му беше забрането да извршува каква било јавна функција во следните десет години бидејќи се вакцинира против коронавирус преку ред минатата година.
Конгресот на Перу воведе забрана за Визкара, кој ја водеше земјата од 2018 до 2020 година. Ова значи дека тој нема да може да го заземе пратеничкото место што го освои на изборите овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

