Свет
Претседателски избори во Словачка: Се бира меѓу Пелегрини и Чапутова
Словаците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори кои би можеле да ја зајакнат власта на премиерот Роберт Фицо, кој сака поголема контрола врз јавните медиуми, помеки антикорупциски закони и посилно изразено несогласување за поддршката од ЕУ за Украина.
Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време (06:00 часот по Гринич) и ќе бидат затворени во 22 часот. Доколку никој не добие мнозинство во овој круг, на 6 април ќе има втор круг меѓу двајцата кандидати со највисоки резултати.
Сојузникот на Фицо, Петер Пелегрини (48) води во трката за местото на 50-годишната претседателка Зузана Чапутова, која е жесток противник на Фицо, иако не се кандидираше за нов мандат.
Фицо се врати на власт на изборите во септември минатата година, откако ги придоби гласачите со ветувања дека ќе ја прекине воената помош за Украина, ќе продолжи да им помага на луѓето погодени од високите цените и ќе стави крај на хаотичното владеење на претходната влада предводена од опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.