Европа
Претставник на СЗО: „Сите држави треба да се угледаат на Шведска“

Еден од шесте специјални претставници на Светската здравствена организација (СЗО) за коронавирус, доктор Давид Набаро, го пофали пристапот на Шведска во борбата против пандемијата и рече дека тоа е модел што треба да го следат сите земји.
Говорејќи во радиоемисија во Нов Зеланд насловена „Меџик ток“, Набаро рече дека сите земји треба да се стремат да се борат против вирусот врз основа на однесување кое е прифатено насекаде, пренесува „Блумберг“.
Тој додаде дека клучот за успешна борба против коронавирусот е довербата и ја посочи Шведска како најдобар пример.
Шведска никогаш не воведе строги ограничувања и карантин како повеќето земји во светот, но се потпира на фактот дека граѓаните ќе се однесуваат одговорно и ќе ги следат упатствата на надлежните здравствени власти.
„Во Шведска, владата имаше доверба во граѓаните, а граѓаните во владата“, објасни Набаро.
Стапката на смртност од коронавирус во Шведска е сè уште повисока отколку во многу земји, со 57 смртни случаи на 100.000 жители. Сепак, стапката на раст на нови случаи и на нови починати значително забави од крајот на јуни. Здравствените власти затоа предложија да се зголеми бројот на луѓе дозволен на јавни собири од 50 на 500, пишува „Блумберг“.
Од друга страна, многу влади ширум светот повторно воведуваат построги мерки поради зголемениот број нови случаи.
Набаро ги опиша карантинските мерки како „тап инструмент“ што „им штети на сите, особено на сиромашните и на малите претприемачи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Нов напад со беспилотни летала: Украинците запреа со работа голем руски гасен објект

Фабриката за преработка на гас во Астрахан, јужна Русија, го запре производството откако избувна пожар во напад со беспилотни летала, објави Ројтерс утрово, повикувајќи се на три независни индустриски извори.
Овој напад е дел од поширока стратегија на Киев, која редовно ја таргетира воената и индустриската инфраструктура длабоко на руска територија. Целта на ваквите операции е да се намали борбената моќ на Москва, која продолжува со својата агресија против Украина.
Се очекува фабриката да продолжи со работа за неколку недели или месеци, според изворите. Пожарот ја зафати единицата за производство на гас и дизел кондензат, чиј годишен капацитет беше три милиони метрички тони. Поради нападот, продажбата на големопродажни пакети гориво од оваа фабрика на стоковната берза во Санкт Петербург веќе беше откажана завчера.
Фабриката е во сопственост на рускиот државен енергетски гигант Газпром. Градот Астрахан се наоѓа на приближно 650 километри од руско-украинската граница и на околу 815 километри од најблиската територија под контрола на Украина во близина на Костјантинивка во регионот Донецк.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Зеленски: Подготвен сум да се сретнам со Путин речиси каде било, но не во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на лидерско ниво, вклучително и во Казахстан, објави „Фокс њуз“.
Во интервју за „Фокс њуз“, украинскиот претседател рече дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи рускиот претседател.
🚨Zelensky says he’s ‘ready’ to meet Putin DIRECTLY
Mentions Saudi Arabia, Turkey, Austria, Kazakhstan as venues
But this man has 0 desire for peace:
> REJECTS Russian truces
>Bombs civilians dailySo what’s the REAL goal — negotiations, or a photo op? pic.twitter.com/YXMqxCtBr1
— Naren Mukherjee (@NMukherjee6) September 24, 2025
„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите понудивме да се сретнеме во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, во неутрални земји како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Ние сме подготвени“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, откако Трамп рече дека рускиот лидер „го изневери“.
Трамп, исто така, рече дека Украина, со поддршка на Европската Унија, може да ја добие војната и да ја врати целата окупирана територија.
фото: принтскрин
Европа
Навроцки: Полска е подготвена да ја брани својата територија

Полскиот претседател Карол Навроцки вчера изјави пред ОН дека неговата земја ќе биде подготвена да „ја брани својата територија“ по неодамнешните упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на членките на НАТО и ЕУ.
„Полска секогаш ќе реагира соодветно и е подготвена да ја брани својата територија. Полскиот народ и земјите од Централна и Источна Европа нема да се плашат од руски беспилотни летала“, увери Навроцки во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
„Нема да ги толерираме безмилосните провокативни потези на Москва против нас и другите нации, кои ги тестираат нашите реакции и ги заплашуваат нашите општества“, додаде полскиот националистички претседател.
Русија го наруши воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија со своите беспилотни летала и борбени авиони во помалку од две недели. Москва го негираше ова и ги обвини членките на ЕУ и НАТО за лажни тврдења.
фото: принтскрин