Европа
Принцот Хари повторно удри по кралското семејство: Криеја од мене дека телефон ми е хакиран

Принцот Хари за време на судењето изјави дека британското кралско семејство криело од него дека телефонот му бил хакиран бидејќи не сакале тој да поднесе обвинение.
Во изјавата за неговата тужба против Дејли Мејл, војводата од Сасекс рече дека бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство, кое било „никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува“ во врска со односите со печатот.
“Во 2018 година станав свесен дека можам да поднесам тужба. Институцијата на кралското семејство криеше од мене информации за хакирањето на мојот телефон, а тоа ми стана јасно дури последниве години”, рекол принцот Хари, пренесува Скај Њуз.
Тој исто така рече дека сите членови на кралското семејство никогаш не разговарале заедно дали некој поднел обвинение.
„Секоја канцеларија во семејството е изолирана. Постои заблуда дека сите ние постојано комуницираме меѓу себе, но тоа не е точно“, рече тој,пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Ова е геноцид, а не војна“: Моментот кога жена дознала дека ги изгубила ќерката и внуката во руското гранатирање

Во воздушен напад врз Киев во четвртокот утрото, загинаа три лица, меѓу кои две деца, соопштија градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Деснијан“, објави воената управа на Киев на Телеграм, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението се додава, дека две деца, помеѓу пет и шест и 12 и 13 години се меѓу загинатите во областа Дешњан.
„Според првичните информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца и четворица ранети“, напиша Кличко на Телеграм.
Фоторепортерите снимиле постара жена како се приближува до местото каде паднала руска ракета и каде на земја лежеле безживотни тела. Набргу старицата сфатила дека тоа се нејзината ќерка и внука.
„Ова не е војна, ова е геноцид! На луѓето им е доста, тие се лути. Ова е чист геноцид врз Украина и украинскиот народ од Русија“, рече Виталиј Кличко.
Рано утрото руски проектили погодија градинка и три училишта, а детонации ја потресоа метрополата само четири минути откако се вклучија сирените.
„Видовте сè. Руската политика е терористичка политика“, рече тој.
Европа
Францускиот сенат потврди алармантно зголемување на недостигот од лекови

Недостигот од лекови се зголемува со алармантна стапка во изминатите пет години во Франција, од околу 800 во 2018 година на околу 3.000 денес, предупреди во средата Соња дела Провоте, претседателката на Истражниот комитет за недостигот од лекови на Сенатот.
Ситуацијата главно се должи на проблемите во набавката на молекули за производство на лекови, од кои повеќето (80-85%) доаѓаат од Кина и од Индија.
„Во Франција во 2018 година, меѓу 700 и 800 лекови имаа проблеми во снабдувањето во споредба со 2.500 до 3.000 денес“, рече Дела Провоте.
Министерот за еколошка транзиција Ањес Пание-Рунашер, која беше министерот во индустрија за време на пандемијата на Ковид-19, изјави за време на сослушувањето во сенатот во средата дека „ковид ја истакна комплексноста и концентрацијата на синџирите на снабдување.“
Во борбата против недостигот од лекови, Пание-Рунашер предлага да се гарантира пристап до третмани преку јавниот здравствен систем, безбедно снабдување преку индустријата и поттикнување на иновациите преку регулатива.
„Но, дури и пред реиндустријализацијата, треба да ги реинтегрираме вештините – од техничари до инженери и менаџери – за да можеме повторно да бидеме самоодржливи во хемиското производство“, рече таа.
Недостигот од лекови влијае и на другите европски земји, како Италија, која зимава пријави ограничувања во снабдувањето со повеќе од 3.000 лекови, од кои 554 воопшто ги немаше.
Сепак, францускиот случај е чуден бидејќи Франција беше водечки производител на лекови во ЕУ до 2008 година, но сега е рангирана на четвртото место по Швајцарија, Германија и Италија, според податоците на Елисејската палата.
Во наредните недели, Комитетот ќе го сослуша министерот за здравство, Франсоа Браун, за да ги оцени неговите мерки во борбата против недостигот од лекови, пред да го достави својот извештај во јули.
Европа
Бербок: НАТО не може да прифати нови членки додека се среде војна

Вратите на НАТО остануваат отворени за нови членки, но една земја не може да се приклучи на алијансата додека е среде војна, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Политиката на отворени врати на НАТО останува на сила, но во исто време е јасно дека не можеме да зборуваме за прифаќање на нови членки кои се среде војна#, изјави таа за новинарите во Осло, каде се собраа министрите за надворешни работи на НАТО.
НАТО треба да размисли какви безбедносни гаранции може да и даде на Украина, изјави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона.
Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешната посета на Молдавија изјави дека Украина е подготвена да биде во воената алијанса на НАТО и дека Киев чека блокот да биде подготвен да ја прими неговата земја.
Зеленски ова им го кажа на новинарите во друштво на претседателот на Молдавија.