Контакт

Свет

Пронајдени остатоци од авионот што се урна со 122 патници

Објавено пред

Остатоци од трупот на воениот авион од Мјанмар, кој исчезна со 122 луѓе, денеска се пронајдени во морето, објави армијата која ги извади првите тела.

dobivaj vesti na viber

„Пронајдовме остатоци од исчезнатиот авион и тела во средината на морето, југозападно од градот Лаунглон”, изјави генералот Мин Аунг Хланг, шеф на армијата.

Пронајдени се тркала, куфери, појаси за спасување, како и вкупно десет тела, известија од војската, без да се дадат поединости околу можно преживување на некои од патниците, главно членови на семејствата на војниците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Објавено пред

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор пат пребаруваат десетици илјади домови и деловни објекти на брегот на Тихиот Океан за да најдат преживеани, јавуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи пребарале околу 45.000 имоти откако Јан ја погоди Флорида минатата среда.

Директорот на Спасувачките служби на Флорида, Кевин Гатри, изјави дека секоја адреса била пребарана темелно и многу брзо и дека спасувачите сега почнуваат повторно да ги пребаруваат сите структури за да најдат преживеани,пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Златни монети скриени во VII век пронајдени во ѕид во Израел

Објавено пред

Археолозите во Израел објавија дека во природен резерват биле пронајдени 44 чисто златни монети кои датираат од VII век. Тие беа скриени во еден ѕид.

dobivaj vesti na viber

Во близина на потокот Хермон (Баниас) е пронајдена амбалажа тешка околу 170 g, а експертите проценуваат дека некој ја сокрил за време на муслиманското освојување на областа во 635 година.

„Можеме да замислиме како сопственикот го крие своето богатство поради претстојната војна со надеж дека еден ден ќе се врати по својот имот“, изјави Јоав Лерер, раководител на ископувањето, пренесе Би-би-си.

Освен златници, археолозите откриле остатоци од згради, канали и цевки, бронзени монети и друго во областа на античката населба, соопштија израелските власти.

Баниас има посебно место во христијанската традиција бидејќи тоа е областа каде што Исус наводно му рекол на апостол Петар дека „ќе ја изгради својата црква на карпа“,пренесе Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Свет

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

Објавено пред

Велика Британија има „стратешка издржливост“ да ја поддржи Украина додека не победи во војната со Русија, изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли. Британија е еден од најистакнатите поддржувачи на Киев. Испраќа на Украина противтенковско оружје, стотици проектили и оклопни возила и ги обучува украинските војници.

dobivaj vesti na viber

Ројтерс пишува дека во говорот на конференцијата на владејачката Конзервативна партија, Клеверли ќе каже дека Британците не биле само „коментатори“ на светските настани туку и „играчи на теренот“ и дека Лондон смета дека агресорите не смеат да ги напаѓаат соседите со неказнивост.

„Затоа стоиме рамо до рамо со храбрите Украинци кои ја бранат својата татковина. А Британија има стратешка издржливост да ги доведе до победа“, ќе рече Клеверли, според делови од говорот објавени од неговите ториевци.

„Ќе ги поддржуваме додека не се добие оваа војна. Ќе ги поддржуваме додека не им се врати суверенитетот. Никогаш нема да ја признаеме анексијата на Луганск, Доњецк, Керсон, Запорожје или Крим“, рече тој, а потоа додаде: „Тие се Украина. И кога Украина ќе победи во оваа војна, ние ќе ја поддржиме во обновата на нејзините домови, нејзината економија и нејзиното општество“,пренесе Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет22 минути

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет26 минути

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет32 минути

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион13 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа15 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет15 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија18 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија19 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија20 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија20 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет21 час

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет21 час

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија22 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет22 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија22 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет24 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет24 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...