Контакт

Европа

Протести во Виена – вечерва околу 5.000 луѓе на улица поради антиковид мерките

Објавено пред

Околу 5.000 противници на епидемиолошките мерки денеска излегоа на улиците во Виена, со што продолжија демонстрациите кои веќе неколку недели се одржуваат секој викенд.

По собирот на Хелденплац, насобраните организираа поворка низ Ринг, централната улица на Виена.

Тие носеа свеќи и запалија светла на мобилните телефони како, како што рекоа организаторите на протестот, одговор на минатонеделното сеќавање на жртвите на короната.

Противниците на мерките за корона сакаа, како што истакнаа, да укажат на последиците од мерките.

На демонстрациите, многу учесници одбија да носат маски, иако тоа е задолжително според сегашните правила.

Инаку, преку социјалните мерки веќе се најавуваат нови протестни собири.

Првиот треба да се организира на 31 декември, бидејќи Групацијата Телеграма повикува на регистрација на собирот за да се поткопа нарачаното затворање на угостителските објекти во 22 часот.

Се најавуваат и мега-демонстрации на 8 јануари, кога се очекува поголем број на учесници, бидејќи тогаш завршуваат училишните распусти.

Европа

Русија го прогласи Навални за терорист

Објавено пред

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен на листата на терористи и екстремисти на руската служба за финансиски мониторинг „Росфинмониторинг“, која е задолжена за борба против перење пари и финансирање тероризам.

На списокот се најде и една од неговите соработници Љубов Собол, која побегна во егзил пред да биде кривично гонета.

Покрај организацијата на Навални која беше забранета во јуни на списокот се додадени уште најмалку девет лица поврзани со неговото движење. Во средината на јануари, на списокот беа додадени двајца од главните соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во егзил.

Списокот вклучува илјадници луѓе и стотици исламистички, религиозни и ултранационалистички организации забранети во Русија, како што се талибанците и Исламската држава.

Навални беше уапсен на 17 јануари минатата година во Москва, откако се врати од лекување во Германија по тешкото труење во август, за кое го обвинува рускиот претседател Владимир Путин. За измама е осуден на две и пол години затвор.

Прикажи повеќе...

Европа

Борел: Ако пропаднат преговорите, спремни сме да одговориме на руската агресија

Објавено пред

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, вели дека ЕУ, пред сè, е за дипломатски пристап во решавањето на проблемот со Русија, но дека е подготвена и за потенцијално сценарио на руска агресија врз Украина.

Борел најави дека покрај финансиската помош, ЕУ размислува и за формирање мисија за поддршка на Украина во областа на воената обука.

„Доколку дипломатијата не успее, ние веќе се подготвуваме да одговориме на потенцијална руска агресија. Тоа ќе биде брза и решителна акција на единство, не само во ЕУ, туку и на меѓународна сцена“, рече Борел.

По состанокот на Советот на ЕУ, тој ја повтори безрезервната поддршка на Унијата за Украина и ја повика Русија конструктивно да се ангажира во постојните меѓународни форуми во обид да се најде дипломатско решение за актуелната безбедносна криза во Европа.

Борел додаде дека во однос на ситуацијата во Источна Европа и односите со Русија, ЕУ е во тесна координација со САД, НАТО, ОБСЕ и другите меѓународни партнери.

„Групирањето руска војска во и околу Украина и обидите на Русија да создаде линии на поделба на нашиот континент ги поткопуваат темелите и основните принципи врз кои почива европската безбедност и ги враќаат мрачните сеќавања во сфери што не припаѓаат на 21 век“, истакна Борел.

Прикажи повеќе...

Европа

Во италијанскиот парламент почна процесот за избор на претседател на државата

Објавено пред

Италијанскиот парламент го почна процесот за избор на нов шеф на државата, а меѓу неколкуте истакнати кандидати фаворит е актуелниот премиер Марио Драги, но не се очекува победа во првиот круг, пренесуваат светските агенции.

На денот кога почна изборниот процес лидерите на десничарската партија Лига и на Демократската партија (ДП) (од левиот центар) се сретнаа и објавија дека почнале дијалог.

Матео Славини од Лига и лидерот на ДП, Енрико Лета, се сретнаа во парламентот кога започна првиот круг на гласање за човекот кој треба да го наследи претседателот Серџо Матарела.

„Двајцата лидери работат на исти опции и утре повторно ќе се сретнат“, се вели во заедничката изјава на двете партии, во која се наведува дека средбата била срдечна, пренесе „Ројтерс“.

Не се очекува овој понеделник да донесе победник бидејќи водечките партии најавија дека нивните прeтставници ќе фрлаат празни гласачки ливчиња во кутиите.

И претходно се сметаше дека е невозможно да се избере наследник на првиот ден од гласањето.

За избор потребни се две третини од гласовите на 1.009 електори – ном партиите од левиот и од десниот центар не се согласија за името на заедничкиот кандидат.

Дури по четвртиот круг гласање, кој треба да се одржи в четврток, апсолутното мнозинство ќе биде доволно за победа.

По одлуката на поранешниот премиер Силвио Берлускони да се повлече од трката, се интензивираа преговорите меѓу партиските лидери за пронаоѓање кандидат.

Меѓу оние што се сметаат за можни кандидати се поранешниот претседател на долниот дом на парламентот, Пјер Фердинандо Касини, поранешниот премиер Џулијано Амато и претседателката на Сенатот, Марија Елизабета Алберти Каселати.

Матарела одби да прифати уште еден мандат, но некои политичари предлагаат да се побара од него да продолжи, а Драги да остане премиер до следните италијански избори на почетокот на 2023 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија1 час

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Македонија2 часа

Рашковски тврди дека го местат и побара Наќе Чулев да сведочи за софтверот

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски тврди дека обвинителката Ивана Трајчева на компјутерски програм си пишувала пораки што ги прикажала како негова...

Македонија4 часа

(Видео) Ковачевски – Петков: Напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во...

Македонија4 часа

Минатата недела регистрирани 11.610 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела...

Македонија5 часа

Препорака за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната...

Свет5 часа

Украинскиот министер призна: Немаме информации дека Русија подготвува офанзива

Вооружените сили на Русија досега не формирале ниту една ударна група, што би укажало дека се подготвува напад на Украина,...

Свет5 часа

Џозеф Бајден фатен како пцуе новинар на Фокс откако го праша за инфлација

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен во понеделникот како пцуе новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако...

Свет15 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет16 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија20 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа21 час

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија1 ден

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија1 ден

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 ден

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија1 ден

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет1 ден

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија1 ден

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет1 ден

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Досие