Контакт

Свет

Птица принудно приземји уште еден лет на „Утер“на московскиот аеродром „Внуково“

Објавено пред

Авион на авиокомпанијата „Утер“ на летот од Москва до Уфа, главниот град на рускиот регион Башкортостан, морал да се врати на аеродромот по полетувањето откако птица удрила во ветробранот на пилотската кабина, пренесува ТАСС.

„Авионот на летот Москва-Уфа се врати на ‘Внуково’ откако во него удри птица непосредно по полетувањето. Птицата го удри ветробранот. Авионот слета безбедно. Авиокомпанијата го менува авионот”, се вели во соопштението од прес-службата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шести смртен случај од коронавирус во Италија

Објавено пред

Шеста личност почина денеска од коронавирус во Италија. Според италијанските медиуми, починала жена од градот Крема, покрај Милано. Таа починала во болница во Бреша, каде била пренесена во неделата. Станува збор за пациентка со карцином чија клиничка слика веќе била загрозена, пренесува „Индекс.хр“.

Стотина илјади луѓе се под мерки за карантин во северните италијански провинции Ломбардија и Венето, а ограничувањата се воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти италијанската служба за цивилна заштита.

Околу 70.000 луѓе се под заштитни мерки во Ломбардија, а околу 30.000 во Венето.

Според локалните медиуми, во овие реони ечат сирени, маркетите се празни и многу тешко може да се најде леб.

Бројот на лица кај кои е потврдено присуство на коронавирус во Италија се искачи на 224, пренесе „Ла Република“.

Најмногу од заразените се во регионот Ломбардија, каде има 167 случаи на инфекција и четири смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Свет

Повеќето њујорчани веруваат дека Трамп ќе биде реизбран

Објавено пред

Силно мнозинство од гласачкото тело во Њујорк верува дека претседателот Доналд Трамп ќе освои втор мандат во Белата куќа, покажа денеска една нова анкета, пренесува „Њујорк пост“.

Шеесет и два отсто од регистрираните гласачи во Њујорк предвидуваат дека Трамп ќе биде реизбран, а само 29 отсто сметаат дека ќе ги изгуби изборите во ноември, покажа истражувањето на „Сиена колеџ“.

Очекувано, 81 отсто од републиканците се цврсто уверени во резборот на Трамп исто како и 73 отсто од независните гласачи, но истото го мислат и изненадувачки 48 отсто од демократите. Практично секоја група во Њујорк смета дека Трамп ќе освои втор мандат во ноември: 63 отсто од синдикалните домаќинства, 58 отсто од жителите на Њујорк и 69 отсто од приградските населби.

Гласачите Афроамериканци се поделени – 43 отсто сметаат дека Трамп ќе добие втор мандат, а 41 отсто веруваат дека ќе биде поразен на изборите.

Кај либералите, 47 отсто веруваат дека Трамп ќе биде поразен од евентуалниот кандидат на демократите, а 42 отсто сметаат дека Трамп ќе освои втор мандат.

Но, тоа не значи дека њујорчаните ќе гласаат за Трамп. Според истражувањето, сите шестмина водечки демократски кандидати би го прегазиле Трамп во хипотетички натпревар. Поранешниот трикратен градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг, би го победил Трамп со 25 поени како кандидат на демократите на гласањето во Њујорк ( 58 отсто наспрема 33 отсто) и има најдобар резултат од кандидатите на демократите.

Пит Бутиџиџ и Џо Бајден би го победиле Трамп со 19 поени во Њујорк, Берни Сандерс со18 поени, Ејми Клобучар со 16 поени и Елизабет Ворен со 14 поени.

Според регистрираните гласачи на демократите, на прашањето кој од кандидатите на нивната партија има најдобри шанси да стане претседател, 33 отсто го посочија Блумберг, 22 отсто Сандерс и 16 отсто се за Бајден.

Прикажи повеќе...

Свет

За Австралија, приоритет се работните места во рударството, а не климатските цели на ОН

Објавено пред

Конзервативната коалициска влада во Австралија ќе ги стави работни места и економијата пред сите барања на ОН да ги намали емисиите од стакленички гасови, рече министерот за финансии, Матијас Корман, во неделата, пренесува „Брејтбарт“.

Корман изјави дека владата на Австралија ќе работи на утврдување нови долгорочни планови за решавање на емисиите од стакленички гасови пред уште еден глобален самит за климата во Глазгов, но нема да спроведе какви било политики за нулта емисија што ќе им наштети на работниците во клучните економски области.

„Ако донесеме погрешни одлуки, не само што ќе ѝ наштетиме на австралиската економија, ќе им наштетиме и на австралиските работници и на глобалното опкружување“, рече Корман во интервјуто за „Скај њуз“.

„Наметнување на цел во Австралија што на крај само ги префрла емисиите во другите делови на светот каде што емисиите ќе бидат повисоки за истото ниво на економско производство не помага да се реши проблемот што сакаме да го решиме и само наметнува жртва врз луѓето овде, во Австралија, без никаква корист за животната средина.“

Ставот на владата е во спротивност со оној на левичарската опозициска Лабуристичка партија. Тие во петокот се обврзаа на нулта јаглеродни емисии до 2050 година истовремено признавајќи дека нема апсолутно никаква идеја колку ќе чини тоа или какво влијание ќе има врз економијата.

Лабуристите излегоа на гласање минатата година со цврста посветеност да ги намалат емисиите на стакленички гасови на нула, но беше заокружено поразен.

Спротивно на тоа, либералната/националната конзервативна коалиција влада на Скот Морисон ќе продолжи со напојување на речиси незаситената побарувачка на јаглен во светот, како и на друг енергетски производ, што се смета за неопходна за одржување на економски раст и стабилност на австралиските работници.

Австралиската индустрија за јаглен вработува повеќе од 50.000 работници.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа31 минута

Шести смртен случај од коронавирус во Италија

Шеста личност почина денеска од коронавирус во Италија. Според италијанските медиуми, починала жена од градот Крема, покрај Милано. Таа починала...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија1 час

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Македонија3 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија4 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија4 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ5 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа5 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа5 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет7 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет7 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа20 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет22 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа23 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија24 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Досие