Контакт

Свет

Пукање во куќа во САД, 4 лица загинаа, напаѓачот е во бегство

Објавено пред

Во САД дошло до престрелка во која загинале четири лица, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Властите трагаат по осомничениот кој уби тројца мажи и една жена во куќа во предградие на Денвер.

Во куќата имало и две мали деца и една жена, која е партнерка на осомничениот, кои се неповредени. На почетокот на неделава, на осомничениот, 21-годишниот Џозеф Марио Касторена, му беше издадена забрана за доаѓање во куќата или контакт со партнерот.

„Тој е вооружен и очигледно опасен“, велат од полицијата. Полицијата во потрагата користела дронови, но засега не биле успешни,пренесе Телеграф.рс.

Свет

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Објавено пред

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните сили.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, полицијата официјално го именуваше шефот на државата како поранешен претседател.

„Во исполнување на нашите обврски пропишани со законот за националната полиција на Перу, полицајците го приведоа поранешниот претседател на Перу, Педро Кастиљо“ се вели во соопштението.

Структурите на моќ го обвинија перуанскиот лидер за бунт и злоупотреба на моќта.

Претходно денеска Кастиљо го распушти парламентот, кој по третпат требаше да го разгледа неговото отповикување. Претседателот најави и полициски час во земјата од 22:00 до 04:00 часот.

Сепак, на средбата се собраа парламентарците и одлучија за оставка на шефот на државата.

Во ноември, илјадници луѓе демонстрираа во најмалку шест региони на Перу барајќи оставка од Кастиљо. Граѓаните го обвинуваат шефот на државата, неговото семејство и опкружувањето за корупција – против Кастиљо се отворени шест кривични постапки под обвинение за корупција и други кривични дела. Тој самиот ги негира обвинувањата, нарекувајќи ги политички прогон.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен земјотрес во Тајван, епицентарот на длабочина од 17 километри

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди регионот на Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил на длабочина од 17 километри.

На 18 септември Тајван беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,9 степени.

Локалното сеизмолошко биро соопшти дека земјотресот го погодил ретко населениот југоисточен дел на островот.

Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами, американските геолози тврдат дека епицентарот на земјотресот бил на 50 километри северно од градот Тајтунг на длабочина од 10 километри.

Според тајванските медиуми, двокатна зграда се урнала во близина на епицентарот, додека воз излетал од шините, а земјотресот бил почувствуван и во северниот дел на островот, каде главен град е Тајпеј.

Поради блокираните патишта, повеќе од 600 луѓе останаа заробени во планините Чике и Лиушиши, но нема информации за жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање во супермаркет во САД, има ранети

Објавено пред

Американските медиуми јавуваат дека имало пукање во САД. „Си-Ен-Ен“ јавува дека пукањето се случило во супермаркет на Волмарт во Мариета, предградие на Атланта.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата известуваат дека се повредени неколку лица и дека напаѓачот е уапсен. Истрагата е во тек.

Пред точно две недели имаше пукање во Волмарт во Чесапик, во американската сојузна држава Вирџинија. Седум лица загинаа, а повеќе се ранети.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија8 часа

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...

Европа11 часа

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси со сите расположливи средства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“,...

Македонија12 часа

Претседателот Пендаровски на Самит во Брисел: ЕУ е најдобрата алтернатива и патеката од која нема да се откажеме

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк –...

Македонија12 часа

(Интервју) Наќе Чулев: Немаме гаранција дека не нè прислушкуваат

Состојбата во безбедносниот сектор е крајно хаотична. Македонија стана логистичка база за поддршка во издавање документи, државјанства, банкарски сметки на...

Македонија13 часа

Ленин Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, но блокадите остануваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму...

Македонија17 часа

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на...

Економија17 часа

Потпишани четири договори на компании од Македонија и Бугарија, вредни над три милиони евра

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје се...

Македонија18 часа

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнаa чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиja неколку банкомати. Утрово полицијата...

Свет18 часа

Лукашенко нареди преместување на воените сили на границата со Украина

Белорусија денеска и утре планира да премести воена опрема и безбедносни сили. Државната новинска агенција Белта објави дека Белорусија преместува...

Свет18 часа

Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници кои планирале државен удар

Во рации низ Германија уапсени се 25 луѓе осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата. Германските медиуми наведуваат...

Македонија19 часа

Град Скопје со нов јавен повик за линиите 20 и 22, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави јавен повик кој треба да биде објавен денеска, а се однесува на линиите од...

Македонија19 часа

Продолжуваат блокадите во Скопје, хаос во сообраќајот

Трет ден по ред хаос во Скопје поради блокадите од страна на приватните превозници. Блокирани се неколку клучни крстосници во...

Регион1 ден

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија2 дена

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија2 дена

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија2 дена

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет2 дена

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион2 дена

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...