Свет
Пукање во Мериленд, има повеќе жртви
Во округот Харфорд во американската сојузна држава Мериленд дошло до пукање во кое има неколку жртви, соопшти полицијата. Засега не се познати повеќе детали.
We can confirm there was a shooting in the area of Spesutia Road and Perryman Road. Multiple victims. The situation is still fluid. Please avoid the area. Media staging area still TBD.
— Harford Sheriff (@Harford_Sheriff) September 20, 2018
„Можеме да потврдиме дека имало пукање. Има повеќе жртви. Ситуацијата сè уште трае. Избегнувајте го тоа подрачје“, објави полицијата на „Твитер“.
Локалните медиуми пренесуваат дека полицијата е на терен. Пукањето се случило во Перимен, град во близина на Балтимор, околу 9 часот по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

