Свет
Путин: Ако Киев ја затвори границата, во Донбас може да се случи нова Сребреница
Затворањето на границата меѓу Украина и двете самопрогласени републики на истокот од Украина, без да се осигура заштитата на граѓаните на Донбас, може да доведе до нова Сребреница, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Спутник“.
„Украинската страна постојано инсистира да ги пуштиме украинските војници во близина на границата. Можам да замислам што би се случило потоа. Би се повторила Сребреница“, рече Путин.
Коментарот доаѓа од средбата на Путин со неговиот украински колега Владимир Зеленски во рамките на самитот на Нормандиската четворка во Париз и ја одбележа првата средба меѓу двата шефа на држави, откако Зеленски ја презеде функцијата.
Рускиот претседател исто така изрази изненадување од отсуството на Закон за амнестија по конфликтот во Донбас иако разговорите за таков закон циркулираат уште од 2015 година.
Украина инсистира да ја преземе контролата над руската граница со Донбас пред изборите во регионот. Сепак, ова е во спротивност со договорите од Минск кои предвидуваат прекин на огнот, ослободување на заложниците, повлекување на вооружените сили и создавање автономни региони во земјата уништена од војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

