Свет
Путин: Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и Америка

Во тек е трка за вооружување меѓу Русија и САД, која започна откако Вашингтон се повлече од Договорот за ограничување на ракетниот одбранбен систем, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„За жал, трката за вооружување е во тек. Таа, исто така, започна по повлекувањето на САД од Договорот за ограничување на ракетниот одбранбен систем”, рече Путин, пренесуваат медиумите во светот.
Тој нагласи дека Русија не прекршила ниту еден договор.
„Ова го направија нашите американски партнери и со цел да се ослободат од одговорноста, тие сега покажуваат со прст кон нас, додека медиумите ја дуваат приказната во интерес на оние што ги плаќаат“, рече Путин на пленарната сесија на Форумот на руската недела на енергија.
Тој, исто така, посочи дека бил изненаден од реакцијата на САД на фактот дека Русија развила хиперсонично оружје.
„Отпрвин рекоа дека не им е грижа, а сега не им се допаѓа“, рече Путин.
Тој рече дека Русија е подготвена да преговара со САД за намалување на офанзивното оружје, земајќи го предвид присуството на високотехнолошко оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров доби уникатен подарок од Италија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Италија доби подарок ретко издание на „Божествената комедија“ на Данте Алигиери, изјави Мауро Мурџи, шеф на канцеларијата на Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија во Италија.
Според него, пред околу два месеци, тој испорачал тритомно издание на италијанскиот класик, објавено во 360 примероци, до руската амбасада во Рим. Вакво издание имало во библиотеките на папата Бенедикт Шеснаесетти и италијанскиот претседател Карло Чампи.
Книгите се направени од памучна хартија, илустрациите се рачно изработени. Секој примерок е уникатен и различен од другите. Книгите биле испратени во Москва кај Лавров, кој одговорил со длабока благодарност и најдобри желби.
„ Лавров направи многу за развојот на односите на Русија со Италија, како и со Јужна Осетија“, рече Мурџи.
Свет
(Видео) САД го собори кинескиот шпионски балон

Американската војска го собори кинескиот шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува „Фокс њуз“.
Овој балон леташе над територијата на САД неколку дена.
Претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден рече дека Вашингтон ќе се погрижи за кинескиот шпионски балон.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД. Висок воен претставник рече дека американската влада размислувала да го собори балонот, но одлучила да не употреби воена сила поради потенцијалните ризици.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс.
Свет
Бајден: Ќе се погрижиме за кинескиот шпионски балон

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека Вашингтон ќе се погрижи за наводниот кинески шпионски балон што бил забележан како лета над САД.
Бајден ја даде оваа изјава како одговор на прашањето дали САД ќе соборат „сомнителен кинески балон за надзор“ што беше забележан како лета над државата Монтана.
Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД. Висок воен претставник рече дека американската влада размислувала да го собори балонот, но одлучила да не употреби воена сила поради потенцијалните ризици.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано отстапил од предвидениот курс. Балонот вчера бил виден над Канзас Сити, Мисури, а утрово бил забележан над Северна Каролина, според метеоролошката агенција AccuWeather.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја откажа претходно планираната посета на Кина поради откривањето на кинескиот балон. Пентагон вчера објави дека е забележан уште еден кинески балон над Латинска Америка, без да прецизира каде точно, наведува британската агенција.