Свет
Путин го отпушти најпознатиот советник Сурков
Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го отпушти еден од неговите најпознати советници, Владислав Сурков, креаторот на „Путинизмот“ и „вертикалата на моќта“, за чие заминување се шпекулира со недели.
Сурков пред неколку дена беше сменет како главен преговарач за конфликтот во источна Украина од заменик началникот на Генералштабот, Дмитриј Козак.
Руската опозиција не го толерира Сурков бидејќи организирал систем на управување на почетокот на 2000 година преку контролирани медиуми, кротка опозиција во парламентот и задушување на протести. Тогаш Сурков го создаде концептот за „вертикална моќ“, државна моќ која зависи само од Владимир Путин.
Од 2014 година тој е главен стратег на Русија за украинската криза, обележана со анексијата на Крим во 2014 година и судир на Киевските сили и проруските сепаратисти на истокот на земјата, во кои загинаа повеќе од 13.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нападнат еден од најголемите нафтени центри во Саудиска Арабија
Според првичните извештаи, Иран започна напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија. Беспилотните летала „Шахед“ го нападнаа објектот „Арамко“ во Рас Танура, локација која се смета за еден од најголемите нафтени центри во светот.
Набргу потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ ги прекина операциите, објави „Скај њуз Арабија“.
BREAKING: Sky News Arabia claims Saudi Aramco’s Ras Tanura refinery was shut down following a drone attack. pic.twitter.com/YGXRzfhQms
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Работниците во постројките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.
Workers at Aramco facilities in Saudi Arabia are evacuating following reported Iranian strikes. pic.twitter.com/903atwsLZX
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.
BREAKING: Sky News Arabia claims Saudi Aramco’s Ras Tanura refinery was shut down following a drone attack. pic.twitter.com/YGXRzfhQms
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Поради неговата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура би можело да има сериозни последици за глобалниот пазар.
фото/ЕПА
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Свет
Израелскиот „Ер Форс Уан“ кружеше над Медитеранот со часови: преместен е на безбедно место
„Wings of Zion“ официјалниот авион што го користат и израелскиот премиер и израелскиот претседател, се наоѓа во посебен дел од аеродромскиот комплекс Берлин/Бранденбург. Новинар од агенцијата Дпа лично се уверил дека авионот популарно наречен израелски „Ер Форс Уан“ се наоѓа на североистокот на Германија, пишува ДВ.
Според Дпа, израелскиот државен авион полетал од аеродромот во Бершеба во саботата по нападот на Израел и САД врз Иран. После тоа, како што објави веб-страницата „Флајтрадар“, тој кружел над Медитеранот со часови пред конечно да слета на аеродромот Берлин/Бранденбург, југоисточно од германската престолнина.
Ниту аеродромот ниту израелската амбасада во Германија не одговориле на медиумските прашања за намената на државниот авион Боинг 767, кој официјално е дел од израелските воздухопловни сили.
Преместувањето на авионите надвор од Израел е дел од стандардната безбедносна процедура што се практикувала и за време на минатите конфликти со Иран кога ракети и беспилотни летала паѓале врз Израел. Боингот 767 е во сопственост на Израел од 2016 година, кога авионот беше купен од австралиската компанија „Квантас“, која го управуваше 20 години.

