Вести
Путин и Трамп би можеле да се сретнат и пред самитот Г20 во јули

Кремљ објави во понеделникот дека е прерано да се зборува за каков и да е договор со САД за укинување на санкциите против Русија, но и дека претседателот Владимир Путин би можел да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамо пред самитот Г20 јули.
Претседателите Путин и Трамп телефонски речиси еден час разговараа во саботата вечерта, а Кремљ и Белата куќа оценија дека минал во позитивна атмосфера.
„Малку е веројатно дека може да се зборува за некаков вид договор (за санкциите)“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање.
„За почеток, мораме да го одредиме датумот и местото на средбата на двајцата претседатели. Соработниците работат на тоа“, рече портпаролот на Кремљ и додаде дека би можеле да се сретнат пред самитот на групата земји од Г20 кој е предвиден за 7-ми и 8-ми јули во германски град Хамбург.
Песков рече дека Путин и Трамп не разговарале за санкциите во телефонскиот разговор, првиот по инаугурацијата на американскиот претседател.
Но додека дека „Видовме подготвеност за решавање на тешките проблеми со дијалог, на кои претседателот Путин веќе подолг период повикува, а за жал, последните години на тоа немаше одговор“.
„Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатела во саботата покажа меѓусебно почитување“, рече во понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Путин и Трамп се согласија да се обидат повторно да ги изградат американско-руските односи и да соработуваат во Сирија.
Трамп од своја страна сака повторно зближување со Москва доколку може да постигне договор со Путин, кој исто така сака обновување на соработката./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.