Европа
Путин му се извини на Израел поради изјавата на Лавров за Хитлер и Евреите

Рускиот претседател Владимир Путин му се извинил на израелскиот премиер за неодамнешната скандалозна изјава на неговиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Шефот на руската дипломатија во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер имал еврејски корени додавајќи дека најжестоките антисемитисти обично се Евреи.
Следуваше гневна реакција од Израел. Израелскиот министер за надворешени работи изјавата на Лавров ја нарече непростлива и скандалозна, а на разговор беше повикан и рускиот амбасадор во Израел. Израел исто така побара и извинување од Русија.
BREAKING: Russian President Putin apologized to Israeli Prime Minister Bennett about Foreign Minister Lavrov’s Hitler comments, Israeli PM office says
— Barak Ravid (@BarakRavid) May 5, 2022
Според израелскиот новинар, Барак Равид, кој се повикува на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер, Владимир Путин денеска му се извинил на Нафтали Бенет за изјавите на Сергеј Лавров.
Ова се случило за време на телефонски разговор меѓу Путин и израелскиот премиер Бенет.
„Премиерот го прифати извинувањето на претседателот Путин за изјавите на Лавров и му се заблагодари за појаснувањето на односот на претседателот кон еврејскиот народ и сеќавањето на холокаустот“, се вели во соопштението од кабинетот на Бенет, кое го пренесе „Вашингтон пост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.