Свет
Путин објави: Русија ја регистрира втората вакцина против коронавирусот
Владимир Путин рече дека Русија ја регистрирала втората вакцина против Ковид-19.
Вакцината е развиена од Центарот за вирусологија и микробиологија „Вектор“, пренесуваат руските медиуми, а е регистрирана денес.
Претходно, министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, објави регистрација на нова руска вакцина против коронавирусот.
Тој рече дека две руски вакцини се во фаза на клиничко тестирање истакнувајќи дека вакцината „спутник V“ е веќе регистрирана.
„Планираме да регистрираме една од вакцините на клиничко испитување и оваа недела да ја почнеме фазата на производство“, посочи Мурашко.
Ана Попова, директорка на Федералната служба за надзор на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот, претходно изјави дека втората фаза на тестирање на вакцината на „Вектор“ е успешна, дека волонтерите развиле антитела и дека никој од нив не покажал никакви клинички симптоми по примањето на вакцината.
Оваа вакцина, како и „спутник V“, не ја ни почнаа клучната трета фаза од испитувањето пред да бидат регистрирани.
Научниците сè уште чекаат да ги добијат сите податоци за вакцината „спутник V“ за која Москва тврди дека е безбедна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

