Контакт

Европа

Путин одговори на прашање дали планира да биде доживотен претседател

Објавено пред

Во разговор со ветерани од Втората светска војна во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изрази мислење дека не треба да се врати практиката на неограничен мандат на претседателот на државата.

Како што пренесува агенцијата „Спутник“, еден од ветераните му пристапил на рускиот претседател, барајќи од него да го смени, односно како што рекол, да подобри еден од членовите на законот, така што овластувањата на претседателот нема да се ограничуваат со конкретен мандат.

„На тој начин народот ќе има можност на одредени периоди да одлучува дали ќе ја продолжи работата на претседателот или ќе го отповика, заблагодарувајќи му се за направеното“, ја објаснил ветераот својата идеја, додавајќи дека Путин во своето владеење ја зајакнал одбранбената способност на земјата, па отсега може да започне и со решавање на други прашања.

Путин му се заблагодарил на ветеранот за изнесените оценки и дал краток одговор.

„Во однос на мандатот, разбирам дека прашањето има голема поврзаност со тоа што нашите луѓе се загрижени за стабилноста на општеството и земјата – и за надворешната и за внатрешната стабилност“, посочил тој.

„Сепак, би било многу загрижувачко доколку се вратиме на ситуацијата од средината на 80-тите години на минатиот век, кога лидерите на државата, еден по друг, останаа на власт до нивната смрт, заминувајќи без да ги овозможат потребните услови за трансформација на власта. Затоа ви благодарам на убавите зборови, но подобро е да не се враќаме кон таквата ситуација“, истакнал претседателот на Руската Федерација.

Европа

Швајцарија поради коронавирусот затвори војници во касарна во близина на границата со Италија

Објавено пред

Ширењето на коронавирусот во Европа наведе властите да преземаат необични мерки, како што е случајот во Швајцарија.

Челниците на армискиот врв во кантонот Тесин, кој граничи со Италија, им наложија на војниците да не ја напуштаат касарната.

Оваа одлука е со цел да се спречи можноста војниците да се движат меѓу населението и на тој начин да се инфицираат со коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште едно лице почина од коронавирус во Франција

Објавено пред

Уште едно лице заразено со коронавирус почина во Франција, соопштија властите.

Станува збор за 60-годишен Французин, кој беше прегледан во болница во Париз доцна синоќа во многу сериозна состојба.

„За жал, тој почина во текот на ноќта“, изјави директорот Жером Саломон.

Во Франција досега од вирусот починаа две лица, а 17 лица се заразени.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Објавено пред

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во Венето. Во Ломбардија две деца се хоспитализирани.

„Кориере дела сера“ информира дека во болница е девојче на возраст од четири години, а нема информации за вториот болнички случај. Од вирусот се заразени и двајца 10-годишници и малолетник на возраст од 15 години.

Во Италија има 11 мртви и 325 потврдени случаи на инфекција.

Во Бад Клеинкирхајм во Австрија починала италијанска туристка.

Откако Хрватска, Австрија и Швајцарија во вторникот ги објавија првите случаи на коронавирус најверојатно пренесени од Италија, и Алжир и Бразил ги пријавија првите можни случаи на пренесување на болеста од оваа европска земја.

Во Кина, во вторникот имало 406 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирус, помалку од претходниот ден, кога бројот на заразени порасна на 508, додека во Јужна Кореја бројот значително се зголемил.

Вкупниот број на заразени лица се зголеми на 78.064, а регистрирани се 2.715 смртни случаи.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, се опоравило без...

Македонија29 минути

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион32 минути

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион2 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа2 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава3 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија4 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија4 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија5 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт15 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија17 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија17 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија21 час

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија21 час

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија23 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион24 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно1 ден

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион1 ден

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Досие