Контакт

Свет

Путин: Односите меѓу САД и Северна Кореја се клучни за мирот

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека од клучно значење за мирот на Корејскиот Полуостров е тоа што САД и Северна Кореја ги нормализирале меѓусебните односи. Изјавата следуваше по средбата со кинескиот претседател Шји Џјинпинг, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера доби писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за закажување втор по ред состанок помеѓу двајцата лидери, а Белата куќа изрази волја таквата средба да се одржи.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, писмото од Ким го опиша како позитивно.

Сандерс пред новинарите рече дека воената парада, која се одржа во неделата во Пјонгјанг, е знак на напредок во преговорите за денуклеаризација бидејќи во рамките на настанот не била прикажана ниту една нуклеарна ракета со долг дострел.

Свет

Пропалестинска група тврди дека израелската ИДФ ја обучува американската полиција на расистички тактики

Објавено пред

Пропалестинска група го обвини Израел за смртта на голем број Афроамериканци во рацете на американските полицајци тврдејќи дека ИДФ ја обучува американската полиција на тактики што водат до кршење на човековите права, пренесува „Џерусалем пост“.

Американската кампања за палестински права (УСЦПР) ги објави обвиненијата на „Твитер“ во петокот пишувајќи:

„Израелската војска ја обучува американската полиција на расистичка и репресивна полициска тактика, која систематски ги таргетира Афроамериканците. Неодамнешните убиства на Џорџ Флојд, Бреона Тејлор и Ахмауд Арбери се примери на расистичко системско насилство“.

Твитот содржи линк до статијата од 2016 година на веб-страницата на „Амнести интернешнл“ во САД со наслов „Со кого тренираат многу американски полициски оддели? Со хроничниот прекршувач на човековите права – Израел“.

Написот детаљно опишува како полицајците од полициските оддели во Балтимор, Флорида, Њу Џерси, Пенсилванија и Калифорнија, меѓу другите, добиле обука од израелските полициски, воени и разузнавачки служби во САД.

„Овие обуки ја ставаат полицијата во Балтимор и другите американски полицајци во рацете на воените, безбедносните и полициските системи, кои со години имаат документирано кршење на човековите права“, тврди „Амнести“ пред да продолжи да ја обвинува израелската полиција за извршување вонсудски егзекуции и други незаконски убиства, лошо постапување и тортура (дури и против деца), задушување на слободата на изразување/здружување, вклучително преку надзор на владата и прекумерна употреба на сила против мирни демонстранти.

Статијата продолжува: „Јавните или приватните фондови потрошени за обука на нашата домашна полиција во Израел треба да нè засега сите нас. Многу од документираните злоупотреби и нарушувања се исти како оние кај израелската армија, безбедносните и полициските сили“.

УСЦПР ги поддржа обвинувањата на „Амнести“ привлекувајќи паралели помеѓу движењето „Блек лајвс медр“ и пропалестинскиот активизам објавувајќи дека смртта на Флојд, Тејлор и на Арбури се резултат на инвестирање во насилен и антицрнечки полициски систем.

Твитот истакнат од организацијата, со тоа што е поставен на врвот на нивната страница, гласи: „Колективното ослободување бара да застанеме зад борбата за слобода на сите угнетени луѓе. Во согласност со нашата визија за слобода, правда и еднаквост за палестинскиот народ во свет без расизам се залагаме за солидарност со визиите за правда за црнечките заедници“.

Како одговор на твитот што се поврзува со написот на „Амнести“, поранешниот член на Кнесетот, д-р Еинат Вилф, твитна:

„Ах, да, секако. Затоа што нема апсолутно ништо во американската историја што ќе ја објасни полициската бруталност против црнците. Тоа мора некако да го вклучи Израел. Мислев дека само Палестинците немаат агенција, сега и на американските полицајци им недостига – нивните постапки се одредени од ционистичките куклари“.

Брајан Леиб, поранешен национален директор на „Американците против антисемитизмот“, во изјава за „Џуиш џурнал“ рече:

„Овие лажни обвинувања од кампањата за палестинските права и „Амнести интернешнл“ се одвратни и целосно лажни. Точно е дека тимови за специјални операции од локалните и државните полициски оддели, како SWAT, тренираат со Израел, но просечниот полицаец никогаш не добил обука од Израел! Дали „Твитер“ и Џек Дорси ќе ги проверат фактите во денешното ширење лаги за Евреите?“

 

Прикажи повеќе...

Свет

Музичката индустрија прекинa со работa поради убиството на Флојд

Објавено пред

Музичката индустрија во Соединетите Држави ја прекина работата на еден ден, реагирајќи на смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, на кого полицаец во Минеаполис му го притискал вратот со коленото за време на апсењето и притоа му го одзел животот.

Сите три главни американски издавачки куќи објавија на социјалните медиуми дека ќе престанат да работат еден ден и повторно ќе се поврзат со својата заедница, пишува Би-би-си. Вработените денес се слободни, а вторник е прогласен за ден на акција, чија цел е да ги охрабри луѓето да преземат одговорност и да се променат.

Interscope вети дека нема да објави нова музика оваа недела, додека Ебро Дарден од Apple Music ги откажа своите радиоемисии. Голем број познати sвезди се изјаснија по повод смртта на Флојд. Ријана (32) на Инстаграм ги сподели чувствата на гнев и тага низ кои минува последниве денови.

„Тешко ми е кога гледам дека моите луѓе ги убиваат и јавно ги егзекутираат од ден во ден“, напиша пејачката.

Бијонсе (38) објави видео на Инстаграм и ги замоли нејзините фанови да потпишат петиција во која се бара правда за Флојд.

„Сите бевме сведоци на неговото убиство среде денот. Ние сме скршени и ужаснати“, напиша таа.

Лејди Гага (34) на „Твитер“ изјави дека гласот на црнечката заедница веќе долго време е замолчен и дека смртта на Џорџ Флојд е резултат на системски расизам и корумпиран систем.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија поканила војници од 19 земји на Парадата на победата во Москва

Објавено пред

Русија покани војници од 19 земји да учествуваат во Парадата на победата на Црвениот плоштад, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шогу.

Тој на прес-конференцијата во Москва соопшти дека 64.000 луѓе ќе учествуваат на победничките паради во Русија, што ќе се одржат на 24 јуни, а 14.000 лица на парадата на Црвениот плоштад, јави руската телевизија „Ѕвезда“.

Шојгу додаде дека на парадата во Москва ќе бидат прикажани 225 единици оружје, воена и специјална опрема, а ќе учествуваат и 75 авиони.

„Посетителите ќе можат да видат повеќе од 20 нови модели на воена опрема, вклучувајќи ги и авионите су-57 и миг-31К“, рече Шојгу.

Во Русија, вкупно 1.850 парчиња опрема и 511 авиони ќе бидат прикажани на победничките паради во девет града херои и 19 градови во кои се распоредени седишта на воените окрузи и морнарицата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија, поради позитивен колега – странец

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес се...

Македонија2 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија2 часа

67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Еден...

Македонија2 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија3 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион5 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија6 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион6 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет7 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет8 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт8 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа8 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет9 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет20 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет20 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија21 час

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие