Свет
Путин отвора ТВ-станица во Србија, која беше забранета од целата ЕУ
Руската државна телевизија „Раша тудеј“ ќе отвори свое претставништво во Србија.
Станува збор за ТВ-станица забранета од ЕУ поради поттикнување и поддршка на руската агресија против Украина.
Љубинка Милинчиќ, главен и одговорен уредник на „Спутник Србија“, за „Нова.рс“ потврди дека се подготвува отворањето на тој канал.
„Да тоа е точно. Сега нема да почне да работи во Србија, туку се подготвува“, вели таа.
Според информациите на „Нова.рс“, на чело на таа телевизија ќе биде ќерката на Милинчиќ, но таа ниту ја потврди ниту ја демантира оваа информација.
Советот на ЕУ уште во март одлучи да ја прекине дистрибуцијата на руските државни медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“ во ЕУ. Како што пренесуваат медиумите, санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос и дистрибуција, како кабелска, сателитска, ИПТВ, платформи, веб-страници и апликации, а сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција се суспендирани, соопшти Советот на ЕУ, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

