Контакт

Свет

Путин прогласи Ден на таткото за да се зајакне семејството како институција

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, со извршен декрет го воспостави Денот на таткото за да ја истакне улогата на мажите во семејството, објави Кремљ.

Шеесет и осумгодишниот Путин, кој има две возрасни ќерки, одлучи да донесе уредба за воспоставување на Ден на таткото, кој ќе се слави секоја трета недела во октомври.

Целта на Денот на таткото е да се зајакне семејството како институција, а особено улогата на мажите во воспитувањето на децата, објасни Кремљ.

Уредбата стапи на сила во понеделникот, што значи дека годинава Денот на таткото ќе се слави на 17 октомври.

Русија веќе има повеќе празници во чест на мажите, како што е Денот на бранителот на татковината.

Претходникот на Путин како претседател, Борис Елцин, го воспостави Денот на мајката со извршен декрет во 1998 година и тој се слави во последната недела во ноември.

Со интервенција на Путин, дефиницијата за бракот како заедница на маж и жена влезе во рускиот устав. Други форми на семејство, како што се истополовите, не се толерираат во Русија и понекогаш се прогонувани, велат активистите за човекови права.

Свет

Пентагон: ИСИС од Авганистан може да ja нападне Америка следната година

Објавено пред

Американската разузнавачка служба проценува дека „Исламска држава“ во Авганистан (ИСИС-К) ќе има капацитет да ги нападне САД за само шест месеци – и има намера да го стори тоа, изјави висок претставник на Пентагон во Конгресот, пренесува Гардијан.

„Разузнавачката служба во моментов проценува дека и ИСИС-К и Ал Каеда планираат надворешни операции, вклучително и против Соединетите Америкнски Држави, но ниту една од нив нема можност да го стори тоа. Можеме да заклучиме дека ИСИС-К ќе ги поседува тие капацитети некаде помеѓу шест и 12 месеци“, рече Колин Кал, потсекретар на американското Министерство за одбрана.

Авганистан би можел да продолжи да претставува сериозна загриженост за националната безбедност на САД по повлекувањето на нивните војници во август по дводецениски ангажман, оценуваат познавачите на состојбите.

Тој проценува дека „Исламска држава“ има неколку илјади борци.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата земја внимателно ќе ги следи заканите од Авганистан со спроведување операции за собирање разузнавачки информации со цел да се идентификуваат заканите од групи како Ал Каеда и „Исламска држава“.

Кал рече дека целта е да се попречат тие групи за да не можат да ги нападнат САД.

„Мораме да бидеме внимателни за да можеме да ги попречиме во тој план“, рече тој.

Меѓутоа, американските власти приватно предупредуваат дека идентификувањето и разбивањето на групи како Ал Каеда и Исламската држава е исклучително тешко без никакви војници во Авганистан.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција затвора уште седум џамии и здруженија за промовирање „радикален исламизам“

Објавено пред

Франција ќе затвори уште седум џамии и здруженија осомничени дека промовираат „радикален исламизам“ до крајот на оваа година, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.

Дарманин ја поздрави одлуката за затворање на џамијата во градот Алон на шест месеци, под обвинение за одбрана од „радикалниот ислам“, објавија агенциите.

Францускиот министер рече дека е запленета и банкарската сметка на управителот на џамијата, додавајќи дека 13 здруженија се затворени во земјата откако претседателот Емануел Макрон ја презеде функцијата.

Истакнувајќи дека 92 од 2.500 џамии во земјата се затворени како резултат на инспекциите, Дарманин рече дека од септември 2020 година на 36.000 странци им се одземени дозволите за престој бидејќи тие лица го загрозуваат јавниот ред.

Уставниот совет на Франција во август оваа година го одобри контроверзниот закон за „антисепаратизам“ кој беше критикуван за маргинализирање на муслиманите.

Законот беше усвоен од Националното собрание во јули, и покрај силното противење на пратениците од десницата и левицата.

Владата тврди дека законот има за цел да го зајакне секуларниот систем на Франција, но критичарите велат дека тој ја ограничува верската слобода и ги маргинализира муслиманите.

Законот им дозволува на службениците да интервенираат во џамиите и здруженијата одговорни за нивната администрација, како и да ги контролираат финансиите на муслиманските здруженија и невладини организации.

Според законот, на пациентите им е забрането да избираат лекар врз основа на пол од верски или други причини, а „секуларното образование“ стана задолжително за сите државни службеници.

Франција беше критикувана од меѓународни и невладини организации, особено од Обединетите нации, за маргинализирање на муслиманите.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО порача дека не треба да се бара документ за вакцинација при патувања во странство

Објавено пред

Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) порача дека не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања, бидејќи тоа ќе го ограничи глобалниот пристап поради неправедната дистрибуција на вакцините.

Во соопштението на Комитетот се вели дека и покрај зголемената употреба на вакцини, пандемијата е далеку од завршена.

„Не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствена опција или услов, со оглед на ограничениот глобален пристап и нерамномерната дистрибуција на вакцините. Државите треба да размислат за пристап заснован на ризик за да го олеснат меѓународното патување со укинување или менување на мерките како што се барањата за тестирање и карантин, онаму каде што е соодветно, следејќи ги упатствата на СЗО“, се наведува во документот.

Комитетот повика на признавање на сите вакцини што се одобрени од СЗО за итна употреба и на сите шеми за вакцинација во согласност со препораките на нејзината експертска група.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска освен бугарско државјанство има и бугарска лична карта издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија28 минути

„Името го добив по дедо ми, Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ,  Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негираше обвинувањата дека поседува...

Македонија59 минути

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не...

Свет2 часа

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион3 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија3 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија4 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример...

Свет4 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија14 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија15 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија15 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет15 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија17 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија20 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија22 часа

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија22 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија24 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија1 ден

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија1 ден

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Досие